Од институции кои се занимаваат од оваа област се:
– Домот на култура “Злетовски рудар” и
– Локална Самоуправа – Пробиштип;
1. Домот на култура е комбинирана културно – образована институција, која реализира програмски содржини:
– Библиотечно издавачка дејност;
– Ликовно – галериска дејност;
– Музичка и сценско – уметничка дејност;
– Театарска дејност;
– Кино прикажувачка дејност и
– Едукативно – образована дејност, преку повеќе курсни форми.
Од конкретни активности во оваа дејност, ја издвојуваме Ликовната колонија (1992 год.) која се одржуваше во просторот на Лесновскиот манастир кој претставува непресушна тема за творечки израз, сликарство, вајарство, копаничарство и бројни изложби, меѓутоа за жал последните години се одржува во Пробиштип.
2. Општина Пробиштип е единица на локалната самоуправа како заедница
на жителите на одредено подрачје утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон.
Општините се надлежни за вршење на следните работи:
– Урбанистичко планирање;
– Заштита на животната средина и природата;
– Локален економски развој;
– Комунални дејности;
– Култура;
– Спорт и рекреација;
– Социјална заштита и заштита на децата;
– Образование;
– Здравствена заштита;
– Спроведување на подготовки и превземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра;
– Противпожарна дејност;
– Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност;
– Други работи определени со закон;
Од конкретни активности во оваа дејност да напоменеме дека локалната самоуправа досега во рамките на своите надлежности беше главен покровител на одредени културни манифестации кои се одржуваат во општина Пробиштип, а кои се однесуваат на заштита на природното и културно наследство, како што е Лесновската ликовна колонија и земање во своја надлежност на минералошката збирка ( збирка на миерали, карпи и археолошки остатоци од рударењето во овој регион).