Пробиштип

Напојувањето на градот и општината, односно населението и индустријата со квалитетна електрична енергија се обезбедува преку  електродистрибуција подружница на ЕВН-Македонија, која има два енергетски трансформатори со снага од 20 MVA, од кои едниот е во погон, а другиот е резерва. Во летниот период градот и населените места користат снага од 9-10 MW,  , а во зимскиот период 13-14 MW,  што е помалку од половината од инсталираниот капацитет на трафостаницата.

За задоволување на поединечните потреби по дејности и начини на користење на земјиштето (лесна индустрија, мало стопанство, опшествен стандард, јавни функции и друго) потребни се нови трафостаници, кои би се напојувале од главната напојна точка 110/35/10 KV, трафостаница на дистрибуција и од постоечките 10 трафостаници.

Улично осветлување

Се врши на магистралните улици ( патот Штип-Кратово) со 5лх, собирните улици со 5лх и артеријалните улици со 3лх.

Злетово

Со електрична енергија се снабдува од 110/35/10КВ трафостаница од Пробиштип со 10КВ воздушен далекувод. Во населбата има 5 трафостаници. Покриеноста со електрична енергија задоволува. Уличното осветлување е недоволно.