Јавен повик за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на велосипеди за 2024 година

Јавен повик

за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на

велосипеди за 2024 година

Јавен повик за велосипеди

Барање велосипеди 2024

Изјава за користење на личните податоци велосипеди 2024

Изјава за семејна состојба

Изјава нотар велосипеди 2024

Јавен повик за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на сончеви колектори во 2024 година

Јавен повик

за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на

сончеви колектори во 2024 година

Јавен повик за сончеви колектори

Барање сончеви колектори 2024

Изјава за користење на личните податоци сончеви колектори 2024

Изјава за семејна состојба

Изјава нотар сончеви колектори 2024

Јавен повик за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2024 година

Јавен повик

за субвенционирање на граѓани-жители на Општина Пробиштип за набавка на

инвертер клима уред за 2024 година

Јавен повик за инвертер клима уред

Барање за клима уред 2024

Изјава за користење на личните податоци клима уреди 2024

Изјава за семејна состојба

Изјава нотар клима уреди 2024

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 18 и 21 јули

На 18.07.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 19.07.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година.

На 21.07. 2024 (недела) во раните утрински часови предвидено е второ авионско третирање на територија на општина Пробиштип.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 4 јули

На 04.07.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 05.07.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

Известување – Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животна средина

Општина Пробиштип ја информира јавноста дека подготви Извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Пробиштип, и истиот ќе биде ставен на јавен увид во текот на 15 дена од 20.06.2024 до 05.07.2024, во кој период ќе можат да доставуваат забелешки и сугестии по електронски пат на info@probistip.gov.mk или по пошта: Oпштина Пробиштип ул. “Јаким Стојковски” бр.1, 2210 Пробиштип
Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животна средина ќе биде изложен во Општина Пробиштип, во Одделение за ЛЕР и заштита на животна средина, секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот во период од 20.06.2024 до 05.07.2024 година.
Воедно се известуваат граѓаните, правните и физичките лица дека Општина Пробиштип ќе организира консултација со јавноста по Извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1-Локални депонии за одлагање на неопасен отпад-Депонија за комунален отпад во општина Пробиштип.
Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 28.06.2024 (петок) со почеток во 13 часот, во округлата сала во Домот на културата,,Злетовски рудар,,.

Scan_20240620_085018

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ Е3.1 ЛОКАЛНИ ДЕПОНИИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА НЕКЛАСИФИКУВАНА ИНФРАСТРУКТУРА СО НАМЕНА Е3.1 – ЛОКАЛНИ ДЕПОНИИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА НЕОПАСЕН ОТПАД – ДЕПОНИЈА ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ Е3.1 ЛОКАЛНИ ДЕПОНИИ

Прскање против комарци 21 јуни

На 21.06. 2024 (петок) во раните утрински часови предвидено е прво авионско третирање на територија на општина Пробиштип.
Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Општина Пробиштип ги известува пчеларите да ги заштитат своите пчелни семејства, поради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето.