Skip to content Skip to left sidebar Skip to right sidebar Skip to footer

ОБЈАВА број 52 за отуѓување на градежно земјиште

Општина Пробиштип, по пат на електронско јавно наддавање, го отуѓува следново градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, на вкупно 4 градежни парцели:

ГП бр.НаменаЛокацијаПовршинаПоч. цена/м²Вкупна поч. цена
24А1 семејно домувањеул. „Брегалничка”345 м²61,00 ден.21.045 ден.
25А1 семејно домувањеул. „Брегалничка”343 м²61,00 ден.20.923 ден.
1.10А2 домување (Б1,Б2,Б4,Б5,В3,В4,Д3 мах.40%)ул. „Миро Барага”1.412 м²680,00 ден.960.160 ден.
164Б1 мали комерцијални и деловни дејностиул. „Тодор Александров” / „Димитар Влахов”398 м²1.100,00 ден.437.800 ден.

Право на учество имаат физички и правни лица согласно условите наведени во објавата. Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат преку www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирани со потребните докази во скенирана форма и банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 250% од вкупната почетна цена.

Краен рок за поднесување пријави: 10.08.2026 година. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 12.08.2026 година, со почеток од 10:00 часот, посебно за секоја парцела.

Целосниот текст на објавата, со сите услови, рокови и постапката за наддавање, е достапен во документот подолу.