Јавен повик за субвенции за велосипеди за 2026 година
Со цел да ги стимулира граѓаните за користење на алтернативни и еколошки начини на транспорт кои не ја загадуваат животната средина, Општина Пробиштип објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување на нови велосипеди во 2026 година.
Вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 50.000,00 денари, а субвенционирањето ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.
💰 Износ на субвенцијата
- Општина Пробиштип ќе надомести дел од трошоците во висина од 40% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари (со вклучен персонален данок на доход) по барател.
📋 Услови за учество
Право на учество за субвенционирање има секое физичко лице кое ги исполнува следните услови:
- Да е полнолетен жител на општина Пробиштип.
- Велосипедот да е купен во тековната 2026 година.
- Да нема искористено субвенции од кој било извор во РСМ за набавка на велосипед.
- Да има платено данок на имот за станбениот објект во кој живее, заклучно со 2026 година.
- Само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за еден велосипед.
📂 Потребни документи за аплицирање
Барателот е должен да ги достави следните документи во прилог на барањето:
- Пополнет образец за јавниот повик.
- Фотокопија од лична карта (доказ за жителство).
- Фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата (или Договор за плаќање на рати со прилог за платена прва рата) – во оригинал или заверено на нотар.
- Фотографија од набавениот велосипед.
- Фотокопија од трансакциска сметка.
- Потврда за платен данок на имот за станбениот објект за тековната година.
- Изјава заверена на нотар дека нема користено други субвенции за велосипед во РСМ.
✍️ Начин и рок на пријавување
Аплицирањето започнува со денот на објавувањето на Јавниот повик и ќе трае до крајот на ноември 2026 година, односно до целосно исцрпување на предвидените буџетски средства.
Документите се доставуваат во затворен плик во архивата на општина Пробиштип на адреса:
ул. „Јаким Стојковски“ бр. 1, Пробиштип
(секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот)
На пликот задолжително треба да стои назнаката:
„Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед“
⚠️ Важна напомена: Примените барања ќе се евидентираат со точното време на поднесување (датум, час и минута). Формираната Комисија ќе ги разгледа барањата и ќе изврши теренски увид кај барателите за да утврди дека условите се исполнети (или по потреба ќе побара од барателот да го донесе велосипедот на одредена локација за увид) пред да се одобри исплатата.
Подолу се ставени потребните документи за преземање:
Изјава за користење на личните податоци (1)