Прескокни до содржината Прескокни до левата странична лента Прескокни до десната странична лента Прескокни до подножјето

Јавен повик за субвенции за сончеви колектори за 2026 година

Со цел да се стимулираат домаќинствата за примена на посовремени, поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи уреди за затоплување на вода, Општина Пробиштип објавува Јавен повик за поврат на дел од средствата за купени сончеви колектори во 2026 година.

Вкупниот буџет за оваа намена изнесува 300.000,00 денари, а субвенционирањето ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

💰 Износ на субвенцијата

  • Секое одобрено барател/домаќинство ќе добие поединечна субвенција во висина од 10.000 денари (со вклучен персонален данок на доход).

📋 Услови за учество

Право на учество за субвенционирање на дел од средствата за купување на сончев колектор има секој барател кој ги исполнува следните услови:

  • Да е полнолетен жител на општина Пробиштип.
  • Сончевиот колектор да е купен во тековната 2026 година.
  • Да нема искористено субвенции од кој било друг извор во РСМ за истата намена.
  • Станбениот објект да не е во фаза на градба, да е легално изграден и евидентиран во Катастарот, да се наоѓа на територија на општина Пробиштип и барателот да живее во него.
  • Да има платено данок на имот за станбениот објект заклучно со 2026 година.
  • Само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за само еден сончев колектор.

📂 Потребни документи за аплицирање

Барателот е должен да ги достави следните документи во прилог на барањето:

  1. Пополнет образец за јавниот повик.
  2. Фотокопија од лична карта (доказ за жителство).
  3. Фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата (или Договор за плаќање на рати со прилог за платена прва рата) – во оригинал или заверено на нотар.
  4. Фотокопија од трансакциска сметка.
  5. Потврда за платен данок на имот за тековната година.
  6. Изјава заверена на нотар дека нема користено други субвенции за сончев колектор во РСМ.
  7. Имотен лист за објектот каде што е вграден сончевиот колектор.
  8. Изјава за обработка на лични податоци.
  9. Изјава за семејна состојба.

✍️ Начин и рок на пријавување

Аплицирањето започнува со денот на објавувањето на Јавниот повик и ќе трае до крајот на ноември 2026 година, односно до целосно исцрпување на предвидените буџетски средства.

Документите се доставуваат во затворен плик во архивата на општина Пробиштип на адреса:

ул. „Јаким Стојковски“ бр. 1, Пробиштип
(секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот)

На пликот задолжително треба да стои назнаката:

„Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на сончеви колектори“

⚠️ Важна напомена: Пристигнатите барања ќе се евидентираат со точното време на поднесување (датум, час и минута) за точно утврдување на редоследот. Комисијата формирана од Градоначалникот ќе изврши теренски увид за да потврди дека сончевиот колектор е соодветно монтиран во објектот на барателот пред да се донесе конечното решение за исплата.

Подолу се ставени потребните документи за преземање:

Изјава за користење на личните податоци

Изјава за семејна состојба

Изјава, нема претходен корисник член на смејество

Образец за сончеви колектори

Јавен повик за сончеви колектори