Втора дератизација на подрачјето на општина Пробиштип
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во среда 21.10 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
- втора дератизација на шахтите на подрачјето на општина Пробиштип и согласно техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.