ЈАВЕН ПОВИК за доставување на проекти и програми од граѓански организации финансирани од Програмата за локален економски развој и заштита на животната средина за 2027 година
Општина Пробиштип, со цел да го развие партиципативното учество на граѓаните, да ја зголеми транспарентноста и да овозможи одговорно трошење на општинските средства, распишува Јавен повик за финансирање на проекти на граѓански организации (здруженија и фондации) кои дејствуваат на територијата на општина Пробиштип.
Целта на овој повик е поддршка на локални иницијативи кои носат мерливи локални резултати, вклучуваат масовно учество на граѓаните преку јавни настани и придонесуваат за промоција на општината.
Надлежности и приоритетни области за аплицирање:
• Локален економски развој, промоција на туризмот и афирмација на општината;
• Заштита на животната средина и еко-акции;
• Културни манифестации и млади;
• Социјална, детска и здравствена заштита.
Предност при селекцијата ќе имаат организациите кои ќе обезбедат сопствено финансиско или материјално учество (кофинансирање).
Потребни документи:
– Пополнет Образец
– Трансакциска сметка
– Тековна состојба од Централен регистар
При пополнување на Образецот да се земе во предвид Правилникот за распределување на средства за овој Јавен повик, кој е прикачен заедно со Образецот.
Пополнетиот образец заедно со бараната документација, се доставува до Архивата на општина Пробиштип, преку пошта на адреса ул. Јаким Стојковски бр.1, 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или на емаил info@probistip.gov.mk најдоцна до 15.10.2026 година.
По предвидениот рок, градоначалникот на општина Пробиштип и и надлежната комисија ќе ги анализираат предложените проекти и согласно финансиските можности ќе ги интегрираат во Буџетот на општина Пробиштип за 2027 година.