Skip to content Skip to left sidebar Skip to right sidebar Skip to footer

Известување од ОВР – Пробиштип

Се известуваат сите жители на општина Пробиштип, а особено жителите на село Пишица и околните населени места, дека на 24.09.2026 година (четврток), во периодот од 07:00 до 13:00 часот, ОВР – Пробиштип ќе реализира боево гаѓање со огнено оружје на локацијата „Пуста Пишица“, атар на с.Пишица.

Заради општа безбедност и заштита на граѓаните и нивниот имот, апелираме во наведениот термин:

  • Да не се врши никакво движење на луѓе во и околу зоната на гаѓање.
  • Да не се напасува добиток во месноста „Пуста Пишица“ и нејзината непосредна околина.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.
ОВР Пробиштип