Јавен повик за субвенции за инвертер клима уреди за 2026 година
Со цел да се стимулираат домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување, кои минимално го загадуваат воздухот и почвата, Општина Пробиштип објавува Јавен повик за поврат на дел од средствата за купени инвертер клима уреди во 2026 година.
Вкупниот буџет за оваа намена изнесува 500.000,00 денари, а субвенционирањето ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.
💰 Износ на субвенцијата
- Секое одобрено барател/домаќинство ќе добие поединечна субвенција во висина од 10.000 денари (со вклучен персонален данок на доход).
📋 Услови за учество
Право на учество на јавниот повик има секој барател кој ги исполнува следните услови:
- Да е полнолетен жител на општина Пробиштип.
- Инвертер клима уредот да е купен во тековната 2026 година.
- Да нема искористено субвенции од кој било друг извор во РСМ за истата намена.
- До поднесувањето на барањето да користел печка на јаглен, дрва, нафта или мазут.
- Станбениот објект да не е во фаза на градба, да е легално изграден и евидентиран во Катастарот, да се наоѓа на територија на општина Пробиштип и барателот да живее во него.
- Да има платено данок на имот за станбениот објект заклучно со 2026 година.
- Само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за само еден уред.
📂 Потребни документи за аплицирање
Барателот е должен да ги достави следните документи во прилог на барањето:
- Пополнет образец за јавниот повик.
- Фотокопија од лична карта (доказ за жителство).
- Фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата (или Договор за плаќање на рати со прилог за платена прва рата) – во оригинал или заверено на нотар.
- Фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која претходно се користела.
- Фотокопија од трансакциска сметка.
- Потврда за платен данок на имот за тековната година.
- Изјава заверена на нотар дека нема користено други субвенции за инвертер клима уред во РСМ.
- Имотен лист за објектот каде што е вграден уредот.
- Изјава за обработка на лични податоци.
- Изјава за семејна состојба.
✍️ Начин и рок на пријавување
Аплицирањето започнува со денот на објавувањето на Јавниот повик и ќе трае до крајот на ноември 2026 година, односно до целосно исцрпување на предвидените буџетски средства.
Документите се доставуваат во затворен плик во архивата на општина Пробиштип на адреса:
ул. „Јаким Стојковски“ бр. 1, Пробиштип
(секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот)
На пликот задолжително треба да стои назнаката:
„Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред“
⚠️ Важна напомена: Пристигнатите барања ќе се евидентираат со точното време на поднесување (датум, час и минута) за точно утврдување на редоследот. Комисијата формирана од Градоначалникот ќе врши теренски увид на лице место за да ја потврди состојбата пред да се донесе конечното решение за исплата.
Потребните документи за преземање:
Изјава за користење на личните податоци
Изјава, нема претходен корисник член на смејество