Published Date : август 18, 2016
Од институции кои се занимаваат од оваа област се:
– Домот на култура “Злетовски рудар” и
– Локална Самоуправа – Пробиштип;
1. Домот на култура е комбинирана културно – образована институција, која реализира програмски содржини:
– Библиотечно издавачка дејност;
– Ликовно – галериска дејност;
– Музичка и сценско – уметничка дејност;
– Театарска дејност;
– Кино прикажувачка дејност и
– Едукативно – образована дејност, преку повеќе курсни форми.
Од конкретни активности во оваа дејност, ја издвојуваме Ликовната колонија (1992 год.) која се одржуваше во просторот на Лесновскиот манастир кој претставува непресушна тема за творечки израз, сликарство, вајарство, копаничарство и бројни изложби, меѓутоа за жал последните години се одржува во Пробиштип.
2. Општина Пробиштип е единица на локалната самоуправа како заедница
на жителите на одредено подрачје утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон.
Општините се надлежни за вршење на следните работи:
– Урбанистичко планирање;
– Заштита на животната средина и природата;
– Локален економски развој;
– Комунални дејности;
– Култура;
– Спорт и рекреација;
– Социјална заштита и заштита на децата;
– Образование;
– Здравствена заштита;
– Спроведување на подготовки и превземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра;
– Противпожарна дејност;
– Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност;
– Други работи определени со закон;
Од конкретни активности во оваа дејност да напоменеме дека локалната самоуправа досега во рамките на своите надлежности беше главен покровител на одредени културни манифестации кои се одржуваат во општина Пробиштип, а кои се однесуваат на заштита на природното и културно наследство, како што е Лесновската ликовна колонија и земање во своја надлежност на минералошката збирка ( збирка на миерали, карпи и археолошки остатоци од рударењето во овој регион).
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Во Пробиштип се одбележуваат голем број на државни и верски празници, при што се внимава во одбележувањето на празниците да бидат опфатени сите категории на граѓани, односно се внимава во одбележувањето на одредени празници да бидат опфатени содржини наменети за најмладите па се до највозрасните наши сограѓани.
Покрај општо познатите празници кои што се одбележуваат ширум Република Македонија, Пробиштип во последните години издвои неколку празника, по чие одбележување е веќе општо препознатлив во регионот, но и пошироко.
Одбележувањето на празниците во Пробиштип е проследено со голема посетеност не само од месното население туку и од гости надвор од општината.
Ако се земе во предвид дека Пробиштип изобилува со природни убавини и реткости, а сето тоа надополнето со богатото културно наследство, традицијата, солидните угостителски објекти и извонредната храна која се нуди во нив, можноста за забава во вечерните часови низ ноќните клубови, Ирски пабови и убавите летни тераси, а да не заборавиме и првиот Аква парк во Македонија, тогаш може без никакво двоумење Пробиштип да биде посакувана дестинација за љубителите на алтернативниот туризам, но и на добрата забава. Секако оние кои што сакаат да уживаат во мирот и спокојот со прошетки низ живописната околина нека повелат на лице место да се уверат. Дојдете и посетете ги одбележувањата на нашите празници, верувајте нема да се покаете, а ќе ни дојдете пак.[/vc_column_text]
На 5 Јануари, а по повод Христовото раѓање „Божиќ“, општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Бадниково гранче“ или „Берење на бадниково гранче“. Манифестацијата е традиционална и се одржува повеќе од 20 години.
Најнапред во организација на општината и актуелниот кум на манифестацијата, во 9 часот се покануваат членови на бизнис заедницата од општината на греана ракија и погача со паричка за да се избере нов кум на манифестацијата за наредната година, кој ќе биде покровител наредната година.
Подоцна на местото викано Жгури во 11 часот зедно со општина Кратово пред огромен број граѓани се берат бадниковите гранчиња, се осветуваат и гранчињата и погачата, каде има паричка. Погачата им се делат на присутните бирајќи на тој начин кум на манифестацијата, секако на оној на кој ќе му падне паричката е еден од двата кума – претставник од граѓаните. Манифестацијата е пропратена со богата посна трпеза, греана ракија, чај и црвено вино.
По завршување на осветувањето на гранчињата сите присутни си земаат од истите за претстојниот празник, а останатите се даваат на свештените лица кои истите попладнето ги делат на граѓаните во црквите.
Целиот настан е проследен со музика и општо народна веселба.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 14 јануари, по повод верскиот празник Василица, општина Пробиштип го организира традиционалниот Василичен коктел.
Василичниот коктел е хуманитарна манифестација, на која покровител е првата дама на општина Пробиштип.
Сите присутни на Василичниот коктел купуваат карта, а средствата од картите се донираат во хуманитарни цели. На коктелот по претходна покана за донирање со свои донации учествуваат и бизнис заедницата, како и други правни и физички лица.
На коктелот се делат погачи во кои има паричка за избор на кума на наредниот Василичен коктел.
Парите собрани од карти, погачи и донации се донираат во хуманитарни цели.
Манифестацијата е пропратена со музика и богата културно уметничка програма.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 19 Јануари, а по повод верскиот празник Водици, општина Пробиштип во соработка на црквите од Пробиштип и Злетово, организираат традиционална манифестација капење во водите на Злетовска река во Злетово и во градскиот базен во Пробиштип.
Во Злетово, во раните утрински часови, поворка од луѓе, предводена од локалниот свештеник и градоначалникот, од црквата во Злетово се упатуваат кон местноста „Пешка“ каде се спремни капачите кои ке скокаат по светиот крст.
Во Злетово, вековна традиција, по светиот крст во водите на Злетовска река, можат да скокаат само младоженците од претходната година.
По наоѓањето на светиот крст во водите на реката сите капачи во придружба на најблиските заминуваат во своите домови каде продолжуваат со славењето, а злетовчани одат кај сите на визита славејќи го празникот во текот на целиот ден.
Предпладне во Пробиштип, на градскиот базен, пред повеќеилјадна публика на општина Пробиштип се фрла светиот крст. Во пробиштип по светиот крст може да се фрлаат сите пријавени кандидати во градската црква.
Се верува дека оние што ќе го фатат крстот ќе бидат среќни цела година, а ќе им носат среќа и на сите други.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 21 март, а по повод доаѓањето на пролетта општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Зелникот на баба“, која е традиционална манифестација, а е во чест на нашиот убав традиционален специјалитет – зелникот.
На градскиот плоштад со почеток во 11 часот секоја година има ревија на зелници изработени од вредните раце на нашите домаќинки.
На манифестацијата учествуваат, поединци и граѓански здруженија од Пробиштип, но и гости од голем број на градови ширум Република Македонија.
Манифестацијата е од републички карактер, а освен вкусот на зелникот на истата може да се најдат и многу други специјалитети , при што љубителите на традиционалната храна можат да уживаат во истата.
Во импровизираната селска соба се демонстрира како се изработува овој наш специјалитет. Присутните можат да видат како се сука, мота во плек и се пече под вршник.
Целото случување е проследена со богата културно уметничка програма со познати естрадни уметници, па така сите присутни освен добра храна имаат и одлична забава.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
По повод 1 април, денот на шегата, на 31 март општина Пробиштип го организира пробиштипскиот маскенбал под мотото „Пробиштип под маски“.
Ова е шеговита манифестација и со маскирање го прославуваме денот на шегата. Целта е сите да бидат насмеани, весели и барем овој ден сите да бидат среќни.
Манифестацијата започнува во 17 часот со дефиле на маските низ градот, за да завршат на ракометното игралиште во центарот на градот, а доколку временските услови не го дозволуваат тоа, тогаш претставувањето на маските се случува во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ Пробиштип.
Пред повеќе илјадна публика, неколку стотици групни маски се претставуваат со своја програма, по што следува прогласување на најдобрите маски, а манифестацијата продолжува со голема забава која продолжува низ локалните угостителски објекти до раните утрински часови.
Во манифестацијата учествуваат општинските училишта, граѓански здруженија, поединци, но и гости од градовите од регионот и пошироко.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Во пресрет на нашиот најголем христијански празник, христовото воскреснување, Велигден, општина Пробиштип на велики петок, со почеток во 12 часот на една од локациите во центарот на градот, прави уште една традиционална манифестација, организира изложба на шарени велигденски јајца.
Изложени се околу илјада шарени велигденски јајца, кои ги цени жири комисија и врши избор на најшарени, најукрасени и најубаво аранжирани велигденски јајца.
Учество земаат општинските училишта, детската градинка, невладини здруженија и граѓани на општина Пробиштип.
Целата манифестација е проследена со богата културно уметничка програма, а е посетена од огромен број на посетители.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 20 мај на градскиот плоштад, после последниот класен час, матурантите продефилираат на градскиот плоштад, каде има организирана промоција од страна на Општина Пробиштип.
Пред целата пробиштипска јавност има обраќања од Градоначалникот, Директорот на училиштето и еден класен раководител во име на наставниот кадар од училиштето.
Се врши избор на најуспешните ученици и на ученик на генерацијата, по што со дефиле, пропратено со голем огномет низ кордон од посетители се упатуваат до местото каде се одржува матурската забава.
Настанот е пропратен со илјадна публика.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Во текот на месец јули во Пробиштип се случува „Probistip Summer Festival“, кој изобилува со музика, песна, игра, но и добра храна и пијалоци.
Целиот градски пазар се претвора во една голема кафеана, односно локалните ресторани, кафетерии, сендвичари, поставуваат шанкови каде се подготвува скара и се точат разни пијалоци, а пред шанковите се поставуваат маси и столици. Во централниот дел е бината каде што се случува музиката, а на неа дефилираат познати македонски изведувачи и голем број на локални бендови. Секако има и ѕвезди на вечерта со кои во текот на ноќта, па се до раните утрински часови се случува вистинско лудило. Се игра се пее но и може убаво да се јаде и да се пивне, а сето тоа за ефтини пари.
Манифестацијата е масовно попсетена од страна на пробиштипјани, но и на голем број на граѓани од регионот и пошироко.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Во месец јули на Пробиштип и пробиштипјани им се случува и „Лесновска ликовна колонија“, која на овие простори, односно во селото Лесново, каде се наоѓа надалеку познатиот Лесновски манастир се собираат дваесеттина уметници од Македонија и од земји – наши соседи, но и пошироко. Во текот на десетина дена во Лесновскиот локалитет тие творат и ги сликаат своите слики, од кои дел остануваат во трајна сопственост на Домот на културата, односно на Општина Пробиштип. Значајно е тоа што овде имаат продефилирано голем број на познати уметници, кои имаат оставено голем број на вредни ликовни дела. За време на целиот престој е пропратено со богата програма, почнувајќи од свечено отварање, преку посети на познати личности, потоа посета на локалитети и значајни стари занаети и културно историски споменици, организирање на забави, се до свеченото затворање.
Особено е интересен нивниот престој во Лесново и нивното сликање на кое можат да присуствуваат и да гледаат сите вљубеници во оваа уметност.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Во периодот од 21 – 28 август, по повод 28 Август, Ден на рударите во Република Македонија, Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица) и Ден на Пробиштип, во градот се одржуваат низа на спортски и културни манифестации.
Овде се застаспени Турнирите во мал фудбал, одбојка и кошарка, а не изостануваат и концерти на културно уметнички друштва и познати пеачи.
Секој ден на еден од спортските терени во центарот на градот се случуваат финални натпревари, пропратени со голем број на посетители.
Навечер на градскиот плоштад, платото пред Домот на културата и на Ракометното игралиште се случуваат низа на културни настани од најразлични културни области. (музика, театар, мода,филм и сл.).
Кулминацијата е на самиот празник, на 28 Август со концерт на позната естрадна ѕвезда на градскиот плоштад и финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал на ракометното игралиште на кој учествуваат екипи од цела Република Македонија.
Сите овие настани се пропратени со огромен број на посетители од Пробиштип и пошироко.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 21 Септември, верскиот празник – Рожденство на пресвета Богородица – „Мала Богородица“ во с. Лесново се одржува општонароден собор.
На соборот доаѓаат луѓе од цела Македонија и на тој ден Лесново го посетат седум до осум илјади гости.
Во манастирот се послужува манастирска чорба, а присутните можат да се освежат кај некоја од инпровизираните кафеани на отворено. Секако доколку сакаат можат и да заиграат на музиката на музичката група која е задолжена за добро расположение на соборот. И се така во текот на целиот ден, а посетители има од сите краеви на Македонија.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 5 октомври, а по повод светскиот ден на учителот во организација на Општина Пробиштип, а во присуство на просветните работници од општината се одбележува овој убав и свет ден. Со пригодна културно уметничка програма започнува манифестацијата за пред присутните да се обрати првиот човек во општината. На најистакнатите учители од општинските училишта, градоначалникот им дава благодарница за особени достигнувања и придонес во образованието во општина Пробиштип. Целата манифестација завршува со свечен коктел и дружење на просветните работници.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 22 Октомври, во очи на празникот 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, се одржува најстариот фестивал во Република Македонија – фестивалот на пеачи аматери „Профест“, манифестацја која започнала да се одржува пред 36 години, а на која се натпреваруваат пеачи – аматери од Македонија и претставува единствен фестивал на пеачи аматери во Република Македонија. Главна награда на победникот е настап на еден од реномираните македонски фестивали и на тој начин им се помага на голем број на аматери да го остварат својот сон и рамо до рамо да запеат со македонската пеачка елита. Токму и тоа е еден од мотивите за учество на овој фестивал. Со убава програмска содржина и со избор на добри песни, секако и на талентирани пеачи од година во година претставува препознатлив белег за Пробиштип.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
На 8 декември, по повод државниот празник во чест на Св. Климент Охридски, општина Пробиштип организира традиционална изложба на фотографии со мотиви од општина Пробиштип, пристигнати на адресата на општина Пробиштип по распишаниот награден конкурс.
Изложбата се одржува во просториите на Домот на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
На изложбата се доделуваат наградите за освоените прво, второ и трето место на зададена тема и прво, второ и трето место на слободна тема.
Фотографиите општината ги користи за промотивни цели и афирмација.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 18, 2016
Од јануари 2004 година Минералошката збирка, која беше во сопственост на поранешниот рудник за олово и цинк “Злетово” е отстапена во сопственост на локалната самоуправа од Пробиштип.
Во рамки на домот на културата “Злетовски рудар” е формирано етнолошко катче со експонати карактеристични за нашиот крај. Веруваме дека овие поставки во иднина ќе прераснат во комплексен минералошко – етнолошки музеј, кој ќе овозможи и поголема посетеност на нашиот крај.
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Во материјалната култура на општина Пробиштип спаѓа и народната носија. За поголем дел од селата, посебно оние кои гравитираат кон овче поле и на југоисток кон Злетовска река е карактеристична которската носија.
Женската носија ја сочинуваат:
– Кошула од конопно или памучно платно до петиците или под колената, со рамно кроени широкоотворени ракави, украсени со вез на ракавите, предниот и долниот дел т.е. тантели познати уште како сорки или пупки.
– Манта или екалак – правоаголно платнено парче, се носело за покривање на градниот отворен дел од кошулата.
– Елек – горна безракавна облека од домашна волнена ткаенина “Алаџа” во пруги на црвена основа долг до под половината на долниот дел, проширен и украсен со монистра.
– Пешкир – од две соединети дипли на црвена или црна основа на краевите украсен со шари од разни бои.
– Појас или ѕуница – ткаен од волнена преѓа, најчесто на црвена основа.
– Каврак – вид марама од еднобојна свилена ткаенина, на рабовите украсена со рачно плетени тантели – сорки.
– Чорапи – од волнена преѓа со шарки.
Машката носија ја сочинуваат:
– Кошула од бело домашно памучно платно, долга до појасот, ракавите на долниот дел завршувале со манжети, на предниот дел и ракавите со везени елементи.
– Чакшири – од клашна до потколената.
– Фустан – се облекувал над чакширите долг до под колената.
– Елек – горна до појасна облека од црна или црвена клашна на предниот дел украсена со гајтани.
– Појас – на црна или црвена основа, со прави хоризонтални шари, долг од 3 – 5 метри, на краевите со реси.
– Бришалка – крпа од бело платно, се носела во летните денови за заштита од сонце при полски работи.
– Капа (шубара) – црна по боја.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 18, 2016
– Манастир “Св. Гаврил Лесновски” (црквата, конаците и црковниот инвентар) (ц.р. 438) – с. Лесново;
– Црква “Успетие богородичино” (ц.р. 439) – Злетово;
– Црква “Св. Трифун – Пирог” (ц.р. 475) – Злетово ( денес е во урнатини);
– Спомен плоча посветена на Б. Коцев Јордановски, с. Гајранци;
– Спомен плоча посветена на Б.Стоилков Серафимовски, с. Гујновци;
– Споменик во чест на третата Македонско – Кумановска ударна бригада, с. Добрево;
– Спомен плоча посветена на загинатите борци при нападот на рудник “Злетово” , с. Добрево;
– Спомен плоча посветена на загинати борци на НОВ, с. Долни Стубол;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Калниште;
– Спомен гробница на загинати борци во НОВ, с. Кундино;
– Спомен плоча посветена на првоборецот Јаким Спировски, с. Неокази;
– Спомен плоча посветена на С. Коцев Томев, с. Плешенци;
– Споменик посветен на загинати борци на НОВ; се наоѓа во дворот на ридник “Злетово” – Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на нападот на рудникот Злетово, Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на Нада Михајлова, Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на М.Јадрев Златко, с. Стрмош;
– Спомен плоча посветена на загинати борци; се наоѓа на чешмата средсело, с. Бунеш;
– Спомен плоча посветена на Ј. Ристов Гичевски, с. Древено;
– Спомен плоча посветена на загинати борци ( на зградата на ПТТ), Злетово;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Јамиште;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Лесново;
– Спомен плоча посветена на С. Ефтимов Василев, с. Ратавица;
– Спомен плоча посветена на В. Николов Атанасов, с. Трипатанци;
– Спомен плоча посветена на загинати борци во НОВ, с. Турско Рудари;
Единствен споменик на природата во општина Пробиштип е Лесновскиот кратер, кој е резултат на вулканската активност во Кратовско – Злетовската вулканска област. Тој е еден од најсочуваните, но и најкарактеристични кратери во оваа област, кој е прогласен како споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошките раритети на Заводот за заштита на природните реткости на Р.М.
Published Date : мај 14, 2015
[vc_row][vc_column]
132 Main Street
TownPress, VT 13245
Phone: (123) 456-7890
Email: townhall@townpress.gov
Hours: Monday – Friday 8:00 a.m. – 5:00 p.m
Fire Chief: Avidan Leon
159 West Street
TownPress, VT 13245
Emergency: 911
Phone: (123) 456-7892
Chief of Police: Savino Auberon
576 South Street
TownPress, VT 13245
Emergency: 911
Phone: (123) 456-7891
753 North Street
TownPress, VT 13245
Phone: (123) 456-7891
Email: library@townpress.gov
Hours: Monday – Friday 8:00 a.m. – 5:00 p.m.
Published Date : мај 14, 2015
Published Date : август 18, 2016
Основното образование во Пробиштип започнало да се организира и реализира од 1947 година, а средното од 1948 година, кога во градот е отворено Индустриско-рударското училиште.
Општина Пробиштип има надлежност врз училиштата за основно образование “Браќа Миладиновци” и “Никола Карев”, со подрачните училишта кои функционират во нивниот состав и надлежност врз училиштето за средно образование “Наум Наумовски-Борче”.
Наставата во училиштата се организира и реализира согласно изготвениот Календар за организација и работа на основните и јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година. Воспитно-образовната работа се организира и реалзира на македонски јазик во една смена, во временски интервал од 730 до 1430 часот. За воспоставување на подобар ред и дисциплина во училиштата е органзирано дежурство од страна на учениците и наставниците.
Училиштата располагаат со вкупна покриена и корисна површина од 20 813 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица, село Добрево и село Стрмош, кој се затоплуваат со печки на дрва (175 m2). Во училиштата се наоѓаат вкупно 58 училници (2 980 m2), 48 кабинети (2 670 m2), 5 библиотеки (196 m2), 5 спортски сали (4 918 m2) и еден зимски базент (258 m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 48 820 m2.
Во учебната 2013/2014 година, училиштата имаат запишано вкупно 1 541 ученик, распределени во 81 паралелки, од кои во училиштето за средно образование 432 ученици распределени во 21 паралелки, од кои 15 се гимназиски и 6 стручни паралелки, а во училиштата за основно образование 1 119 ученици, од кои во одделенска настава се запишани 646 ученици, распределени во 35 паралелки и во предметна настава се запишани 473 ученици, распределени во 24 паралелки. На ниво на општината, за учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 51 ученик и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 163 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 221 вработени, од кои 6 се раководен кадар (директор и помошник директор), 11 се стручни соработници, 7 се административен кадар, 143 се наставници (од кои 38 се професори по општи предмети, 9 се професори по стручни предмети, 2 се професори по практична настава, 38 се наставници во одделенска настава и 56 се наставници во предметна настава) и 54 се технички кадар.
Published Date : август 19, 2016
Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип е основан со Одлука на Владата на Република Македонија од 2008 година, како еден од трите нови технички факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Факултетот има за цел да даде придонес во развојот на кадри кои не само што ќе можат да ги прифатат и реализираат достигнувањата на високата технологија, туку да бидат иновативни за нови технологии кои ќе се развиваат на домашни и странски простори.
Функцијата декан на Технолошко-техничкиот факултет ја врши доц. д-р Винета Сребренкоска. Продекан за настава е доц. д-р Димко Димески. Технолошко-техничкиот факултет креира академска атмосфера во која нашите студенти од земјава и од странство ќе бидат континуирано поттикнати и инспирирани да покажат што знаат и умеат. Технолошко-техничкиот факултет ќе ве оспособи и ќе ве обучи како успешно да ги најдете одговорите на прашањата што ги наметнуваат промените, следејќи го развојот на индустријата и технолошките достигнувања во земјава и во светот.
Прв циклус на студии
Втор циклус на студии
Носител на студиите е Технолошко-техничкиот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Технолошко-техничкиот факултет, а тоа се:
Kатедра за текстилно и органско инженерство
Kaтедра за конфекционирање и управување со конфекциски процеси
Катедра за хемиско инженерство и управување и регулација на технолошки процеси
Катедра за инженерство на материјали
Технолошко-техничкиот факултет ви ја отвора вратата кон нови перспективи, научете да бидете, да знаете, да работите, научете да живеете заедно, научете да се приспособувате на промените! Кај младите генерации изучувањето на новите материјали и запознавањето со новите технологии, како и стекнувањето со нови знаења од областа на текстилот, дизајнот и менаџментот претставува голем предизвик. Иднината е во технологијата и во новите идеи, новите материјали и новите производи. Технолошко-техничкиот факултет ќе ве научи како да бидете различни, иновативни и креативни.
Во првиот циклус на студии на Технолошко-техничкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми:
Нови технологии и материјали
Текстилно инженерство
Текстил, дизајн и менаџмет
Во вториот циклус на студии на Технолошко-техничкиот факултет се изучува следнава студиска програма:
Индустриски дизајн на текстил
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Со процесите на децентрализација општина Пробиштип во своја надлежност ги доби јавните установи за дневна и социјална заштита на децата.
Jавната установа за дневна и социјална заштита на децата е Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев” во чиј состав работат Работните единици “Цветови” и “Срничка” во Пробиштип и “Изворче” во Злетово.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Установата располага со вкупна покриена површина од 3 311 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем. Во установата се наоѓаат вкупно 18 занимални со вкупна површина од 939m² и со проектиран капацитет за 390 деца, а располага со вкупна дворна површина од 14 191 m².
Во учебната 2013/2014 година, во детската градинка дневно и социјално се заштитуваат 345 деца, распределени во 13 групи и за нив се грижат вкупно 42 вработени. Дневното и социјаланто заштитување на децата се организира и реалзира во временски интервал од 06.00 до 16.30 часот. Во установата се организираат и реализираат следните програми и проекти “Чекор по чекор” и “Граѓанско образование и приоди кон визуелно размислување”.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
РЕ “Цветови” е лоцирана на улица “Јордан Стојанов”, број 47/А во Пробиштип и е изградена 1981 година. Во РЕ е сместено и раководството на Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев”. Единицата има проектиран капацитет за 160 деца и расплага со 8 занимални (414m²). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 159 деца, распределени во 6 групи и за нив се грижат вкупно 20 вработени. Во 2 занимални се згижени децата со посебни потреби од Центарот за социјалана грижа. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1 260m² и со вкупна дворна површина од 2 555m²;[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
РЕ “Срничка” е лоцирана на улица “Гоце Делчев”, бб во Пробиштип и е изградена 1974 година. Единицата има проектиран капацитет за 80 деца и расплага со 4 занимални (196 m²). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 129 деца, распределени во 4 групи и за нив се грижат вкупно 11 вработени. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1 046 m2 и со вкупна дворна површина од 7 629m²;
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
РЕ “Изворче” е лоцирана на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово и е изградена 1982 година. Единицата има проектиран капацитет за 150 деца и расплага со 6 занимални (329m²). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 57 деца, распределени во 3 групи и за нив се грижат вкупно 7 вработени. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1 005m²и со вкупна дворна површина од 4 007m².
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Published Date : август 19, 2016
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Училиштата располагаат со вкупна покриена и корисна површина од 16 390 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица, село Добрево и село Стрмош, кој се затоплуваат со печки на дрва (175 m2). Во училиштата се наоѓаат вкупно 45 училници (2 278 m2), 33 кабинети (1 833 m2), 4 библиотеки (94 m2), 3 спортски сали (3 616 m2) и еден зимски базент (258 m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 33 676 m2.
Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 1 119 ученици, распределени во 60 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 646 ученици, распределени во 35 паралелки и во предметна настава се запишани 473 ученици, распределени во 24 паралелки. На ниво на општината, за учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 51 ученик и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 163 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 154 вработени, од кои 4 се раководен кадар (директор и помошник директор), 8 се стручни соработници, 5 се административен кадар, 94 се наставници (од кои 38 се наставници во одделенска настава и 56 се наставници во предметна настава) и 43 се технички кадар.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 19, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Основно општинско училиште “Браќа Миладиновци” е лоцирано на улица “Гоце Делчев”, број 2 во Пробиштип и е изградено 1961 година, каде е сместено и раководството на училиштето. Во училиштето се запишани 415 ученици, распределени во 21 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за ученици со посебни потреби (9 ученика во една комбинирана паралелка од I до VIII одделение) и настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 26 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 850 m2;
Во состав на Основното училиште “Браќа Миладиновци” работат и функционираат Полното основно училиште “Кирил и Методиј” во Злетово, Подрачното училиште “Ванчо Трајков” во село Пробиштип и Подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево.
Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 5 139m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево, кој се затоплуваат со печки на дрва (93m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 30 училници (1 456m2), 19 кабинети (957m2), 3 библиотеки (39m2) и 2 спортски сали (2 072m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 16 956m2.
Мисија на училиштето е: Го поттикнуваме учењето и личниот, емотивниот и социјалниот развој на учениците подеднакво со компетентен и едуциран кадар.
Изјава на мисијата: “Училиште со еднакви можности за развој и напредување”.
Слогани: “Го поттикнуваме учењето”, “Го поттикнуваме личниот, емоционалниот социјалниот развој на учениците”, “Го поттикнуваме учењето подеднакво со копетентен и едуциран кадар”.
Визија на училиштето: Ќе ги подобриме и промовираме постигањата на учениците во сите подрачја со користење на стекнатите знаења и вештини на кадарот, соработувајќи со релевантни институции од локалната и пошироката заедница.
Мото на училиштето: “Училиште во кое сите напредуваат”.
Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 713 ученици, распределени во 37 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 398 ученици, распределени во 22 паралелки и во предметна настава се запишани 315 ученици, распределени во 15 паралелки. За учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 40 ученици и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 56 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 154 вработени, од кои 2 се раководен кадар (директор и помошник директор), 5 се стручни соработници, 4 се административен кадар, 55 се наставници (од кои 24 се наставници во одделенска настава и 31 се наставници во предметна настава) и 23 се технички кадар.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Полно основно училиште “Кирил и Методиј” е лоцирано на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово и е изградено 1966 година. Во училиштето се запишани 213 ученици, распределени во 10 паралелки. Во училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 27 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 1 222 m2;[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Подрачно училиште “Ванчо Трајков” е лоцирано на улица “Ванчо Трајков”, бб во село Пробиштип и е изградено 1986 година. Во училиштето се запишани 65 ученици, распределени во 5 паралелки;[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Подрачно училиште во село Ратавица е лоцирано на излезот од селото и е изградено 1950 година. Во училиштето се запишани 12 ученици во една комбинирана паралелка;[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Подрачно училиште во село Добрево е лоцирано на средишниот дел од селото и е изградено 1957 година. Во училиштето се запишани 8 ученици во една комбинирана паралелка.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 19, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Основно училиште “Никола Карев” е лоцирано на улица “Вељко Влаховиќ”, бб во Пробиштип и е изградено 1986 година, каде е сместено и раководството на училиштето. Во училиштето се запишани 397 ученици, распределени во 20 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 107 ученика;
Во состав на Основното општинско училиште “Никола Карев” работи и функционира Подрачното училиште во село Стрмош.
Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 11 251 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачното училиште во село Стрмош, кое се затоплува со печка на дрва (82 m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 15 училници (822 m2), 14 кабинети (876 m2), 1 библиотека (55 m2), 1 спортска сала (1 544 m2) и покриен училишен базент (258 m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 16 720 m2.
Мисија на училиштето е: ОУ “Никола Карев” ќе биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава за максимален развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието 2005-2015 година. Нашето училиште обезбедува еднакви можности на сите ученици за учење, стекнување на знаења, способности и вештини, развивајќи ја свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување.
Изјава на мисијата: “Горди на минатото-свртени кон иднината”.
Мото на училиштето: “Покажете им на луѓето дека верувате во нив, тие ќе се обидат да ја оправдаат Вашата доверба”.
Визија на училиштето: Се стремиме да создадеме училиште со современи услови за работа, едуциран наставен кадар, интерактивна соработка меѓу наставниците, учениците и родителите, примена на нови наставни форми и методи за работа во наставата, училиште со пријатна атмосфера за работа во кое наставникот е максимално мотивиран да работи, а ученикот максимално отворен за соработка.
Изјава на визијата: “Училиштето ќе биде работилница во која ќе се создава моделот на утрешниот граѓанин”.
Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 407 ученици, распределени во 21 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 249 ученици, распределени во 12 паралелки и во предметна настава се запишани 158 ученици, распределени во 9 паралелки. Во училиштето, како испостава на ОУ “Браќа Миладиновци”, работи нижо музичко училиште во кое се запишани 11 ученици и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 107 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 65 вработени, од кои 2 се раководен кадар (директор и помошник директор), 3 се стручни соработници, 3 се административен кадар, 39 се наставници (од кои 14 се наставници во одделенска настава и 25 се наставници во предметна настава) и 18 се технички кадар.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Подрачно училиште во село Стрмош е лоцирано на средишниот дел од селото и е изградено 1998 година. Во училиштето се запишани 10 ученици во една комбинирана паралелк
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 19, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Средното образование во општина Пробиштип се организира и реализира од 1948 година во Идустриско-рударското училиште. Во 1961 година се отвора гимназијата “Наум Наумовски-Борче”, а во 1963 година и рударско-геолошкото техничко училиште. Со тек на време, во 1978 година самостојните училишта формираат единствено училиште, како училишен центар за средно образование “Наум Наумовски-Борче”. Во учебната 2000/2001 година УЦСО “Наум Наумовски-Борче” се трансформира до Државно средно училиште, а во учебната 2005/2006 година во средно општинско училиште “Наум Наумовски-Борче”.
Средното општинско училиште “Наум Наумовски-Борче” располага со вкупна покриена и корисна површина од 4 423 m² и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем. Во училиштата се наоѓаат вкупно 13 училници (702 m²), 15 кабинети (837 m²), 1 библиотека (102 m²) и 2 спортски сали (1 302 m²), а располагаат со вкупна дворна површина од 15 144 m².[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]
Мисијата на училиштето ќе биде реализирана во добри работни услови и здрава училишна клима и култура со максимална ефикасност во реализацијата на училишната програма и искористување на вредностите на воннаставните активности, со посебен осврт на воспитниот дел во чие средиште е адолесцентниот период на нашиот ученик. Во остварување на нашата мисија посебен удел има и соработката со другите училишта и воспитно-образовни институции во Република Македонија, како и соработката со стопанските и нестопанските субјекти во општината и пошироко..
Изјава на мисијата: “Учи, креативно размислувај, биди инвентивен и развиј ги своите вештини”.
Мото на училиштето: “Работиме, воспитуваме и образуваме деца, затоа што тие се нашето богатство, радост и темел на семејството и општеството. Воспитно-образовната дејност е интересна и предизвикувачка, специфична и комплексна, општествено корисна работа која интерно и екстерно е контролирана и анализирана”.
Визија на училиштето: Средното училиште да биде безбедно и креативно место за учење и воспитување на младиот човек-ученик, со можности за пронаоѓање и развивање на стручни квалификации и потребни вештини. Место каде што ќе има здрава клима на добри меѓучовечки односи и успешен професионален развој на вработените.
Нашата визија е продукција на здрава, образовна и воспитна, стручно усовршена личност која ќе успее практично да ги примени стекнатите потенцијали и вредности во општеството и пазарот на трудот или квалитетно да го продолжи своето образование.
Изјава на визијата: “Денешниот ученик подготви го за утрешен човек”.
– Зградата на Средно општинско училиште “Наум Наумовски-Борче” е лоцирана на улица “Гоце Делчев”, број 10 во Пробиштип и е изградена 1972 година. Во зградата е сместено раководството на училиштето и се сместени претежно паралките од гимназиското образование. Зградата располага со вкупна покриена и корисна површина од 1 486 m2, а во состав на зградата функционира спортска сала со површина од 1 000 m2;
– На истата адреса е лоцирана и зградата за стручно образование. Зградата е изградена 1951 година. Во зградата се наоѓа машинска работилница (272 m2), во која се организира и реализира практична настава за учениците од машинската струка. Зградата располага со вкупна покриена и корисна површина од 1 497 m2, а во состав на зградата функционира спортска сала со површина од 302 m2;
– Училишната библиотека е лоцирана на истата адреса, како и училиштето. Зградата е изградена 1961 година и истата е адаптирана во библиотека со читална. Училишната библиотека располага со вкупна покриена и корисна површина од 138 m2.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 15, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
Комунални работи,патишта и улици
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
Локален економски развој и заштита на животна средина
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]
Територијална противпожарна единица (ТППЕ)
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][/vc_column][vc_column width=”1/3″][/vc_column][/vc_row]
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image image=”504″ img_size=”large”][vc_column_text]
Билјана Ефтимова
Советник во Одделение за внатрешна ревизија
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
– врши внатрешна ревизија во општината и во јавните служби кои ги основа општината, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;
– подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување на градоначалникот го обезбедува неговото спроведување и следење;
– доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот и советот на општината;
– изготвува годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
– врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на градоначалникот за намалување на факторите на ризик;
– дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
– ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
– ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.[/vc_column_text]
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image image=”482″ img_size=”large”][vc_column_text]
Живка Михајлова
Раководител на Одделение за инспекциски работи
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
– врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на комуналните работи;
– врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на патниот сообраќај;
– врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на заштитата на животната средина;
– врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;
– врши инспекциски работи и контрола во образованието и спортот;
– врши инспекциски работи и контрола во остварувањето на општинските даноци и такси и друг надзор од надлежност на општината;
– врши и други работи доверени од Советот и Градоначалникот.[/vc_column_text]
10-Izbor-na-pretsedatel-na-kukjen-sovet
9-Kukjen-red8-Plan-za-odrzuvanje
6-Zapisnik-od-sobir-na-sopstvenici
5-Statut-na-zaednica-na-spostvenici
4-Odluka-za-donesuvanje-na-statut
3-Odluka-za-osnovanje-na-zaednica
2-Pokana-za-sobir-na-sopstvenici
1-Soopstenie-za-sobir-na-sopstvenici
Квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-за-2012-г.–-Општински-комунален-инспектор
Квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-за-2012-г.–-Овластен-инспектор-за-животна-средина
Квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-за-2012-г.-–-Овластен-градежен-инспектор
Годишни-квартални-извештаи-за-2012-г.-за-извршен-инспекциски-надзор-на-овластен-комунален-инспектор
Годишни-квартални-извештаи-за-2012-г.-за-извршен-инспекциски-надзор-на-овластен-градежен-инспектор
Годишен-квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-на-овластен-комунален-инспектор
Годишен-квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-на-овластен-инспектор-за-животна-средина
Годишен-квартален-извештај-за-извршен-инспекциски-надзор-на-овластен-градежен-инспектор
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image image=”472″ img_size=”large”][vc_column_text]
Радослав Илиевски
Раководител на Одделение за јавни дејности
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
• Образованието.
• Културата.
• Социјалната заштита.
• Детската заштита.
• Заштита и спасување
• Спорт
и други јавни дејности предвидени со законот за локална самоуправа.[/vc_column_text]
Акционен-план-за-еднакви-можности-2014-год.
Акционен-план-за-социјална-заштита-за-2014-год.
Акционен-план-на-ОСБСП-Пробиштип-за-2014-год.
Програма-за-заштита-и-спасување-за-2014-год.
Програма-за-празници-и-манифестации-на-општина-Пробиштип-за-2014-год.
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image image=”427″ img_size=”large”][vc_column_text]
Соња Сентовска
Раководител на Одделение за комунални работи
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
-изработува и реализира програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општината;
-изработува и реализира програма за изградба, одржување и заштита на локалните патишта и улици;
-изработува и реализира програма за јавното осветлување на подрачјето на општината;
-ги следи состојбите и организира изградба, реконструкција и оддржување на јавното зеленило, фонтаните, дрворедите и друга комунална опрема поставена на улиците и на другите јавни површини;
-врши други работи доверени од Советот и Градоначалникот.
[/vc_column_text]
[/vc_column][/vc_row] Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image img_size=”large”][vc_column_text]
Ирена Бошковска
Раководител на ЛЕР и заштита на животна средина
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
– заштита на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување на загадување на водата, воздухот и земјиштето;
– врши работи на локален економски развој;
– остварува меѓународна и меѓугранична соработка;
– остварува соработка со бизнис секторот, јавниот сектор и НВО секторот;
– аплицира со проекти пред домашните и странските донатори;
– врши други работи доверени од Советот и Градоначалникот.[/vc_column_text]
Published Date : август 18, 2016
[vc_row][vc_column width=”1/4″][vc_single_image image=”444″ img_size=”large”][vc_column_text]
Невенка Нотевска
Раководител на Одделение за правни и општи работи
[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]
-изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот;
-дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
-ги спроведува јавните набавки во општината;
-архивско работење и административно технички работи;
-врши стручни и организациски работи за функционирање на Советот и на неговите тела, како и на Градоначалникот;
-дава правна помош по одредени работи за општината;
-ги информира корисниците на услугите за полесно остврување на нивните права;
-работи од канцелариското работење кое опфаќа прием, отварање, евиденција и испраќање на актите на органите на општинта;
-дактилографски работи;
-секретарски работи за Градоначалникот;
-работи за возниот парк и други технички работи (одржување на хигиена и достава на пошта);
-врши информатичко технички работи;
-врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.[/vc_column_text]