Република Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
ИПА инвестициски грантови
MSIP-NCB-067-16

1.     Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2.    Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Рехабилитација на улица 11-ти Октомври и Партерно уредување на паркинг простор-заден плоштад во Пробиштип.

3.    Општина Пробиштип ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Рехабилитација на улица 11-ти Октомври и Партерно уредување на паркинг простор-заден плоштад во Пробиштип.

4.    Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.   Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:

Адреса: Улица Јаким Стојковски бр.1

Град: Пробиштип

Поштенски број: 2210

Држава: Република Македонија

Телефон: +38932483131

Факс: +38932484047

Електронска адреса: info@probistip.gov.mk

6.Комплетна тендерска документација на македонски јазик  може да ја купат  заинтересираните понудувачи  по поднесување на писмена апликација на наведената адреса на општина Пробиштип  и по плаќање на неповратна такса од 1000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец на следната сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 757014070363010

Приходно конто: 724125 00

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Пробиштип.

Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 07.10.2016. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 07.10.2016.

Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 480.000,00 МКД.

Адреса: Улица Јаким Стојковски бр.1

Град: Пробиштип

Поштенски број: 2210

Архива

Држава: Република Македонија

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).