Прескокни до содржината Прескокни до левата странична лента Прескокни до десната странична лента Прескокни до подножјето

Четврт адултициден третман против комарци 29.06.2026 (среда)

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во среда, 29 Јули 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Четврт адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
– Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
– Месност Глобица и водостој на рибник
 и други локации на тариторија на општина Пробиштип согласно техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите.
Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ќе се изврши со почеток од 22:00 часот.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.