Сообраќајно поврзување на патниот правец Злетово – Пониква

Поради поголемата вредност на оваа инвестиција, проектот ќе се реализира во неколку фази. Во првата фаза е пробиен е и тампониран дел од патниот правец Злетово – Пониква, односно тампониран е патот до с.Шталковица во иднина се очекува фазно решавање на овој патен правец со подршка на Владата на РМ.

Сообраќајно поврзување на патниот правец Пробиштип – Свети Николе

Поврзување на Пробиштип со Свети Николе преку с.Куково-с.Мечкуевци
Во месец Ноември 2013 година го пуштивме во употреба регионалниот патен правец Пробиштип – Свети Николе со должина од 28 километри. Со ова патното растојание меѓу овие две општини се крати за 25 км, а со изградбата на автопатот Миладиновци –Штип жителите на Пробиштип ќе патуваат до Скопје за 40 минути.
Вредноста на проектот е 52 милиони денари.

Индустриска зона со комплетна инфраструктура

Усвоени се два урбанистички планови ДУП 12.1 и ДУП 2.1 наменети за лесна и незагадувачка и тешка индустрија.
Изградбата на комплетната инфраструктура за едната индустриска зона е предвидена во Програмата за изградба и одржување на општински улици и патишта и Програмата за изградба на водовод и канализација за 2012 година. Ова подразбира изградба на водоводна и канализациона мрежа, изградба на улици, тротоари, улично осветлување како и поставување на сите неопходни инсталации и приклучоци. Вкупната инвестиција на овој проект во првата фаза изнесува над 10 милиони денари.

Пречистителна станица

Во месец Јануари 2013 година ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење. Вкупната инвестиција на овој проект изнесуваше 1.500.000 евра.