Прескокни до содржината Прескокни до левата странична лента Прескокни до подножјето

Населени места

Според официјалните податоци од Пописот спроведен во 2021 година, општината, која е составена од едно урбано и 34 рурални населени места, има вкупно резидентно население од 13.417 жители, организирани во 4.903 домаќинства и сместени во вкупно 7.880 живеалишта (станови).

Во однос на половата структура, 6.814 од жителите се мажи, додека 6.603 се жени. Просечната густина на населеност на општинската територија изнесува околу 43 жители на квадратен километар.

Најголемиот дел од населението е концентриран во градот Пробиштип. Како единствена урбана средина, градот брои 9.763 жители, кои се организирани во 3.542 домаќинства и сместени во вкупно 4.654 живеалишта (станови).

Злетово
Најстариот официјален податок кој го покажува илјадагодишното постоење на Злетово, како место и центар во Злетовската област е повелбата од 1019 година. Според пописот од 2021 година во населеното место Злетово живеат вкупно 2.036 жители во 674 домаќинства, во 753 живеалишта. Вкупната површина на атарот на Злетово изнесува 10,4 км², од кои аграрна површина се 915 хектари (331 хектар обработливо земјиште, 491 хектар пасишта и 143 хектари шуми).

Бунеш
Според пописот од 2021 година во Бунеш има 10 жители кои живеат во 6 домаќинства, а во селото има вкупно 33 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,3 км², од кои аграрна површина зафаќа 1.101 хектар, од кои 444 хектари се обработливо земјиште, 586 хектари се пасишта и 71 хектар се шуми.

Бучиште
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, има вкупно 34 жители, со 13 домаќинства и 50 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар е 4,9 км², односно аграрна површина вкупно 465 хектари, од кои обработливо земјиште е 234 хектари, пасишта 211 хектари и под шуми околу 20 хектари.

Гајранци
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, со вкупен број на жители 7, во 5 домаќинства со вкупно 49 живеалишта. Вкупната површина изнесува 8,1 км², со вкупна аграрна површина од 782 хектари, од кои обработливо земјиште 251 хектар и шуми 5 хектари, или во проценти (60% пасишта, 38% обработливо земјиште и само 2% се под шуми и необработливо земјиште).

Горни Стубол
Се наоѓа на надморска височина од 670 метри и вкупно 24 жители во 17 домаќинства, а има 98 живеалишта. Вкупната површина е 7,9 км², од кои аграрна површина е 757 хектари (330 хектари обработливо земјиште, 249 хектари со пасишта и 133 хектари со шуми).

Горно Барбарево
Се наоѓа на надморска височина од 650 метри каде живеат вкупно 15 жители во 7 домаќинство, во селото има 46 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 15,2 км², од кои 1.378 хектари се аграрни површини (511 хектари обработливо земјиште, 751 хектар пасишта и 116 хектари шуми).

Гризилевци
Се наоѓа на надморска височина од 800 метри со вкупно 7 жители во 5 домаќинства, а има 93 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 3,4 км², од кои аграрна површина е 280 хектари (115 хектари обработлива површина, 82 хектари пасишта и 83 хектари шуми).

Гујновци
Надморска височина 335 метри со вкупно 14 жители, 7 домаќинства и 40 живеалишта. Вкупна површина од 5 км², од кои 459 хектари вкупната аграрна површина (331 хектар обработливо земјиште, 118 хектари пасишта и само 10 хектари се под шуми).

Добрево
Во најголем дел од атарот на Добрево се лоцирани рударските јами на Злетовските рудници, многу попознато е како рударски центар, отколку како селска населба со аграрни карактеристики. Се наоѓа на надморска височина од 600 метри со вкупно 171 жител, 72 домаќинства и 173 живеалишта. Вкупна површина на атар од 881 хектар, од кои 276 хектари се обработливо земјиште, 187 хектари пасишта и 418 хектари под шуми.

Долни Стубол
Надморска височина од 610 метри и вкупно 99 жители во 49 домаќинства и вкупно 167 живеалишта. Вкупна површина е 6,7 км², а според аграрната површина опфаќа 628 хектари (448 хектари обработливо земјиште, 138 хектари пасишта и 42 хектари под шума).

Долно Барбарево
Се наоѓа на 630 метри надморска височина со вкупно 4 жители во 4 домаќинства, а 13 живеалишта. Вкупна површина на атарот е 11,2 км², при што вкупната аграрна површина изнесува 1.063 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 628 хектари пасишта и 88 хектари се под шуми.

Древено
Надморска височина 640 метри и вкупно 148 жители во 62 домаќинства и 107 живеалишта. Вкупна површина на селскиот атар изнесува 6,7 км², според структурата вкупна аграрна површина зафаќа 583 хектари, од кои 329 хектари обработливо земјиште, 219 хектари пасишта и 35 хектари шуми.

Дренак
Се наоѓа на 650 метри надморска височина и вкупно 4 жители во 4 домаќинства и 80 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар е 5,5 км², од кои аграрната површина изнесува вкупно 529 хектари (314 хектари обработливо земјиште, 212 хектари пасишта и 3 хектари шуми).

Зарапинци
Се наоѓа на надморска височина од 425 метри, каде живеат само 4 жители во 3 домаќинства и 20 живеалишта. Површина на селскиот атар е 4,3 км², аграрна површина опфаќа 423 хектари, од кои 204 хектари обработливо земјиште, 213 хектари пасишта и само 6 хектари шуми.

Зелениград
Најпланинското село, се наоѓа на просечна надморска височина од 1150 метри, со 13 живеалишта. Според пописот од 2021 година нема регистрирано население. Селскиот атар зафаќа вкупна површина од 14,4 км². Вкупната аграрна површина изнесува 1.424 хектари, со следната аграрна структура: 126 хектари обработливо земјиште, 489 хектари пасишта и 809 хектари се под шуми.

Јамиште
Јамиште е мало планинско село кое според пописот од 2021 година има вкупно 6 жители и 3 домаќинства со вкупно 72 живеалишта. Вкупна површина на селскиот атар изнесува 19,7 км², а според структурата на вкупната аграрна површина од 1.954 хектари, 132 хектари се обработливо земјиште, 429 хектари се пасишта и 1.393 хектари се под шуми.

Куково
Се наоѓа на надморска височина од 570 метри и со вкупно 4 жители, а имало 4 домаќинства и 37 живеалишта. Вкупната површина на атарот на село Куково зафаќа 9,4 км², од кои вкупната аграрна површина е 992 хектари. Според структурата ја сочинуваат 449 хектари обработливо земјиште, 404 хектари пасишта и 24 под шума.

Кундино
Се наоѓа на надморска височина од 710 метри, а според пописот од 2021 година во Кундино живеат 27 жители во 19 домаќинства со вкупно 76 живеалишта. Вкупната површина на атарот е 7,4 км², а според структурата аграрната површина изнесува 682 хектари, од кои 275 хектари обработливо земјиште, 147 хектари пасишта и 260 хектари шуми.

Лезово
Се наоѓа на надморска височина од 400 метри со вкупно 16 жители, во 8 домаќинства и 61 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар е 7,7 км², од кои вкупна аграрна површина 689 хектари, и тоа 357 хектари обработливо земјиште, 330 хектари пасишта и само 2 хектари се под шума.

Лесново
Според местоположбата се наоѓа на надморска височина од 900 метри и вкупно 26 жители, со 12 домаќинства и вкупно 61 живеалишта. Површината на селскиот атар изнесува 14,1 км², од кои вкупната аграрна површина е 1.360 хектари (168 хектари обработливо земјиште, 618 хектари се пасишта и 574 хектари шума).

Марчино
Селото Марчино се наоѓа на надморска височина од 700 метри, со вкупно 107 живеалишта. Според пописот од 2021 година нема регистрирано население. Селскиот атар опфаќа површина од 5,99 км², од кои вкупната аграрна површина е 551 хектар, со следната структура: обработливо земјиште 252 хектари, пасишта 141 хектар и под шуми 158 хектари.

Неокази
На надморска височина од 450 метри со вкупно 56 жители во 29 домаќинства и 97 живеалишта. Од вкупната површина од 5,8 км², аграрна површина е 546 хектари, од кои 306 хектари се обработливо земјиште, 234 хектари пасишта и само 6 хектари се шуми.

Пестришино
Се наоѓа на надморска височина од 600 метри со само 2 жители во 1 домаќинство, а има 33 живеалишта. Површината на селскиот атар изнесува 7,7 км², при што вкупната аграрна површина е 728 хектари, од кои 311 хектари е обработливо земјиште, 409 хектари се под пасишта и 24 хектари шуми.

Петршино
Се наоѓа на надморска височина од 505 метри и има вкупно 23 жители, во 14 домаќинства, а вкупно 104 живеалиште. Вкупната површина на селскиот атар е 6,4 км² со следната аграрна структура: вкупните аграрни површини од 614 хектари ги сочинуваат 470 хектари обработливо земјиште, 136 хектари пасишта и само 8 хектари шуми.

Пишица
На надморска височина од 450 метри и вкупно 120 жители, во вкупно 45 домаќинства, а во селото има вкупно 99 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 7,3 км², со аграрна структура на земјиштето со површина од 629 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 266 хектари се пасишта и само 16 хектари се шуми.

Плешенци
На надморска височина од 590 метри со вкупно 105 жители, 45 домаќинства и 161 живеалишта. Вкупната површина на селскиот атар на Плешенци изнесува 9,6 км², од кои 914 хектари се аграрни површини (396 хектари обработливо земјиште, 274 хектари пасишта и 244 хектари шуми).

Пуздерци
Надморската височина изнесува 460 метри со вкупно 9 жители, во селото има 7 домаќинства и 84 живеалиште. Селскиот атар изнесува 6,1 км², од кои според аграрната структура вкупните земјоделски површини зафаќаат 586 хектари, при што 354 хектари се обработливо земјиште, 225 хектари се пасишта и само 7 хектари шуми.

Ратавица
Се наоѓа на надморска височина од 460 метри, со вкупно 207 жители, а вкупно 73 домаќинства и 103 живеалишта. Селскиот атар од 3,5 км² ја има следната структура. Вкупната аграрна површина изнесува 232 хектари, од кои 165 хектари обработливо земјиште, 157 хектари пасишта и само 1 хектар под шуми.

Стрисовци
Се наоѓа на надморска височина од 500 метри и вкупно 18 жители, 12 домаќинства и 48 живеалишта. Од селскиот атар со површина од 16,4 км², вкупна аграрна површина е 1.549 хектари, од кои 746 хектари обработливо земјиште, 731 хектари пасишта и 72 хектари шуми.

Стрмош
На надморска височина од 475 метри со вкупен број на 216 жител, 72 домаќинства и 87 живеалишта. Од вкупната површина на селскиот атар од 5,6 км², 527 хектари се аграрна површина, која ја сочинуваат 387 хектари обработливо земјиште, 132 хектари пасишта и 8 хектари шуми.

Трипатанци
Се наоѓа на надморска височина од 390 метри со вкупен број на 65 жители, 30 домаќинства и 89 живеалишта. Површината на селскиот атар изнесува 4,9 км², од кои вкупна аграрна површина 437 хектари (251 хектар обработливо, 180 хектари пасишта и само 6 хектара шуми).

Трооло
Надморска височина од 470 метри и вкупен број на жители 13, во 8 домаќинство, а во селото се евидентирани 61 живеалиште. Вкупната површина на селскиот атар е 13,9 км², од кои аграрни површини 1.368 хектари (465 хектари обработливо земјиште, 889 хектари пасишта и 14 хектари шуми).

Турско рудари
Селото се наоѓа на надморска височина од 570 метри, со вкупно 153 жители, во 43 домаќинство, а во селото се евидентирани 64 живеалишта. Вкупна површина на селскиот атар изнесува 10,4 км², од кои аграрна површина е 882 хектари со следната структура: обработливо земјиште 263 хектари, пасишта 388 хектари и шуми 231 хектар.

Шталковица
Се простира на надморска височина од 650 до 1100 метри и вкупно 11 жители во 7 домаќинства и 38 живеалиште. Од вкупната површина на атарот 24,6 км² (село со најголема површина во општина Пробиштип), аграрна површина вкупно 2.338 хектари, од кои 206 се обработливо земјиште, 706 пасишта и 1.426 хектари се под шуми.


Извор на податоци: Бројот на резидентно население, домаќинства и станови е според официјалните податоци од Попис 2021 (Државен завод за статистика на РСМ). Статистиката за површината на земјиштето, обработливото земјиште, пасиштата и шумите е преземена од Попис 2002.

mak stat naselenie stanovi ziteli probistip sela