⚠ Оваа страница е во изработка — содржината и функционалностите постепено се дополнуваат
Тел: 032 483 131 Email: info@probistip.gov.mk
mk en

Новости и известувања

Соопштение за јавноста

Пријавување на штети од природни непогоди и други несреќи

Објавено: 6 јули 2026

Општина Пробиштип ги повикува граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожар, што зафати дел од територијата на општината на 03.07.2026 година, материјалните штети на нивните имоти и земјоделски насади, да ги пријават во просториите на општина Пробиштип.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, заклучно со 15.07.2026 година (петок), во општина Пробиштип, во канцеларијата на Општински центар за услуги.

Пријавувањето на настанатите штети ќе го реализирате со пополнување на Пријава за излез на лице место и на Изјава дека имотот не е осигуран преку осигурителните компании (пријавата и изјавата ќе ги подигнете во канцеларијата).

Покрај пополнетите Пријава и Изјава, треба да се достави:

  1. Фотокопија од лична карта за користење на потребните лични податоци
  2. Фотокопија од трансакциска сметка на подносителот
  3. Доказ за основ на користење на земјиштето или недвижен имот (фотокопија од имотен лист, фотокопија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства од МЗШВ или фотокопија од договор за закуп)
  4. Доказ за производство на саден сертифициран материјал (доколку се произведува)

Поднесените пријави со пропратните потребни документи ќе бидат обработени од страна на Комисијата за процена на штети предизвикани од природни непогоди и други несреќи на територијата на општина Пробиштип, ќе се направи теренска процена на лице место и ќе биде изработен првичен извештај, кој ќе биде разгледан и усвоен од Совет на општина Пробиштип и ќе биде проследен до Влада на РСМ.

Напомена: Ненавремено доставените и некомплетните документи нема да бидат разгледани.

⬇ Преземи ги Пријавата и Изјавата (.odt)

Објава

ОБЈАВА број 52 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип

Објавено: 7 јули 2026 · Тех. бр. 29-815/1 од 03.07.2026

Општина Пробиштип, по пат на електронско јавно наддавање, го отуѓува следново градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, на вкупно 4 градежни парцели:

ГП бр. Намена Локација Површина Поч. цена/м² Вкупна поч. цена
24А1 семејно домувањеул. „Брегалничка"345 м²61,00 ден.21.045 ден.
25А1 семејно домувањеул. „Брегалничка"343 м²61,00 ден.20.923 ден.
1.10А2 домување (Б1,Б2,Б4,Б5,В3,В4,Д3 мах.40%)ул. „Миро Барага"1.412 м²680,00 ден.960.160 ден.
164Б1 мали комерцијални и деловни дејностиул. „Тодор Александров" / „Димитар Влахов"398 м²1.100,00 ден.437.800 ден.

Право на учество имаат физички и правни лица согласно условите наведени во објавата. Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат преку www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирани со потребните докази во скенирана форма и банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 250% од вкупната почетна цена.

Краен рок за поднесување пријави: 10.08.2026 година. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 12.08.2026 година, со почеток од 10:00 часот, посебно за секоја парцела.

Целосниот текст на објавата, со сите услови, рокови и постапката за наддавање, е достапен во документот подолу.

⬇ Преземи ја целосната Објава бр. 52 (.docx)

Документи

Соопштенија

Контакт

ул. Јаким Стојковски бр.1
2210 Пробиштип

Тел: 032 483 131
Fax: 032 483 047
Email: info@probistip.gov.mk