Галерија

Published Date : мај 14, 2015

[vc_row][vc_column][/vc_column][/vc_row]


Генерални податоци

Published Date : август 16, 2016

Грб на општина Пробиштип

Грб на општина Пробиштип

Општина Пробиштип е значаен индустриски, општествен (образовен и културен) и административен центар. Се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија со вкупно 16.193 жители и територија од 325,6 км2, при што со еден дел зафаќа од овчеполието, а со друг дел длабоко навлегува во осоговскиот масив на планини. Злетовска река како најгомема река кој поминува низ трериторијата на општината го формира својот кањон во планинскиот дел и своја котлина во рамничарскиот дел од општината.
Пробиштипска општина го зазема средниот и долниот дел од сливот на Злетовска река. На север се граничи со општина Кратово , на запад со општина Свети Николе, на југ со општина Штип , а на исток со општина Кочани. Административниот центар Пробиштип во однос на соседните општини е на следниве растојанија и тоа: од Кратово 18 км, од Штип 22км, а од Кочани 42км, додека оддалеченоста од главниот град на Р.Македонија-Скопје е на околу 100 км. За доаѓање од Скопје може да се користат две рути и тоа: Прва рута-Скопје-Куманово-Кратово-Пробиштип, преку М-2 и Р-206 и како Втора рута/Скопје-Велес-Штип-Пробиштип, преку М-1, М-5 и Р-206.
И покрај тоа што претставува ридско планинско подрачје, сепак може да се каже дека има добра сообраќајна инфраструктура и поволни природни врски со соседните и подалечните области.
Во минатото низ нејзината територија воделе повеќе каравански патишта што ја поврзувале долината на Брегалница, преку превалите Жгури, Долни и Горни Печеници, со Кратово и понатаму Ќустендил (Бугарија).
Низ село Г.Барбарево водел таканаречениот Велешки пат, а низ територијата на општината водел и т.н. Скопски пат-од Скопје низ Овче Поле и селото Куково водел пат за Кочани.
Како што може да се види од извршената кратка анализа на сообраќајните врски општината има поволна положба во однос на природните комуникации, бидејќи лежи помеѓу две многу важни сообраќајни артерии и тоа: Брегалничката која ја поврзува со Кочани, Штип, Велес и Скопје и Криворечката од која еден крак поминува преку Кратово, Куманово и Скопје, а вториот крак преку Кратово, Крива Паланка и Р.Бугарија.
Поради терцијалните вулкански дејности на територијата во општина Пробиштип се создале поголеми рудни богатства. На просторот се наоѓаат наоѓалишта на олово-цинкова руда чии резерви се истражени и изнесуваат на 10.000.000 тони, а ова бројка е поголема бидејќи целиот простор и не е доволно истражен.
Во делот на неметали има голема количина на кварцити, а во реонот на с.Пплешенци, с.Кундино и Црн Врв, а во реонот на градот Пробиштип, с.Плешенци и с.Стрмош се наоѓа голема количина на опализиран туф, кој се експлоатира, а се проценува дека има резеви околу 7.000.000 милиони тони. Просторот располага и со поголеми количини на дацити и андезити, кои не се доволно истражени. Карактеристично е е и троа што постои наоѓалишта со поголеми количини на битуменизирани шкрилци.
Минатиот период стопанството во општината се карактеризираше со тоа што носечки гранки кои го даваа главниот развој, беа рударството и акумулаторската индустрија, но денес после периодот на трансфорнмација на општестевениит капитал и т.н. транзиционен период покрај овие гранки се развија и голем број на фирми од услужните дејности како транспорт, угостителство, здрвство и други услуги., а се развија и ланци во делот на тровијата и производството. Во делот на трудоинтензивните дејности се отворија голем број (17-18) конфекции, а исто така се развија и фирми за производство на храна, како млеко и млечни производи, пекарска индустрија и сл.
Денес можеме слободно да кажеме дека Пробиштип има флексибилно стопанство со различна структура на економски чинители по дејности, при што улогата на голем број (500) МСП се носители на економските активности и ја вршат улогата на диверзификација на пробиштипската економија со што таа станува флексибилна и имуна на удари и не е концентрирана само на рударството. Ваквата структура обезбедува предуслови за развој на локална економија во еден систем на добавувачи–производители-купувачи, но како и секоја економија неможе да биде затворена и е важно да биде конкурентна, односно МСП да се во постојан развој за да можат да бидат конкурентни на локално, регионално, национално и меѓуароднио ниво. За да се постигне поголема ефикасност, рентабилност, преку намалување на трошоците и времето на производство, како и за да се добијат поквалитетни производи со поголема економска вредност е потребно да се применуват современи алатки и методи на работа во МСП. Воведување на нови технологии, воведување на современ дизајн, користење на интернет комуникација во работењето за набавка на репроматерјали и промоција итн. Сето ова бара нови знаења, нови вештини кои треба да ги имаат менџерите на МСП за да се одржат на пазарот и да одговорат успешно на предизвиците.
Со обезбедување на голем број на локации за отворање на нови бизниси се очекува општина Пробиштип во наредниот период да биде главна дестинација за странските инвеститори во регионот.


Градоначалник

Published Date : мај 14, 2015

[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Г-динот Тони Тоневски е роден на 02.08.1971 година во Пробиштип.
Оженет, татко на две деца.
Дипломирал на рударско – геолошкиот факултет во Штип во 1997 година.
Има работено како инженер во рудниците за олово и цинк „Злетово” во Пробиштип, а во 2002 година стапува на функцијата генерален директор на рудниците.
Успешен приватен стопанственик и претприемач, а од 2006 година претседател на управен одбор на Ј.П. Хидросистем Злетовица.
Од 2007 година работи на местото Проект менаџер на проектот „Хидросистем Злетовица”, а од 2008 до стапување на функција Градоначалник на општина Пробиштип, е директор на Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Има посетувано повеќе семинари од областа на менаџментот, индустриското производство и претприемништвото.
Учесник на семинар за високи брани во Франција, обука за менаџирање со води во Чешка.
Активно зборува англиски јазик.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Надлежности на градоначалникот

1. Градоначалникот ја претставува и застапува општината;
2. Градоначалникот ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Градоначалникот ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
4. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
5. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
6. Градоначалникот иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
7. Градоначалникот го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
8. Градоначалникот го извршува буџетот на општината;
9. Градоначалникот избира директори на јавни служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
10. Градоначалникот редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Градоначалникот решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Градоначалникот донесува правилник за систематизација на работни места на општинската администрација;
13. Градоначалникот раководи со општинската администрација;
14. Градоначалникот одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
15. Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со законите и статутот;
16. Градоначалникот врши други работи утврдени со закон и со статут;
Градоначалникот може да овласти раководен службеник во општината да ја води постапката и да решава управни работи, како и да потпишува акти.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Демографија

Published Date : август 18, 2016

[vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Населени места

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Полова структура

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Старосна структура

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Национална припадност

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Вработеност

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][/vc_column][/vc_row]


Населени места

Published Date : август 18, 2016

Број на населени места: 37 (едно градско, две приградски, една полуградска и 33 рурални – селски населби).

Бучиште
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, има вкупно 68 жители (35 мажи и 33 жени) со 26 домаќинства и 34 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 4,9 км2 односно аграрна површина вкупно 465 хектари, од кои обработливо земјиште е 234 хектари, пасишта 211 хектари и под шуми околу 20 хектари.

Бунеш
Според пописот во 2002 година во Бунеш има 48 жители (27 мажи и 21 жена) кои живеат во 27 домаќинства а во селото има вкупно 72 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,3 км2, од кои аграрна површина зафаќа 1.101 хектар, од кои 444 хектари се обработливо земјиште, 586 хектари се пасишта и 71 хектар се шуми.

Добрево
Во најголем дел од атарот на Добрево се лоцирани рударските јами на Злетовските рудници, многу попознато е како рударски центар, отколку како селска населба со аграрни карактеристики. Се наоѓа на надморска височина од 600 метри со вкупно 340 жители (173 мажи и 167 жени), 100 домаќинства и 175 живеалишта (станови). Вкупна површина на атар од 881 хектар, од кои 276 хектари се обработливо земјиште, 187 хектари пасишта и 418 хектари под шуми.

Долни Стубол
Надморска височина од 610 метри и вкупно 168 жители ( 84 мажи и 84 жени ) во 66 домаќинства и вкупно 120 живеалишта. Вкупна површина е 6,7 км2 , а според аграрната површина опфаќа 628 хектари ( 448 хектари обработливо земјиште , 138 хектари пасишта и 42 хектари под шума.

Долно Барбарево
Се наоѓа на 630 метри надморска височина со вкупно 11 жители (6 мажи и 5 жени) во 6 домаќинства а 22 живеалишта (станови). Вкупна површина на атарот е 11,2 км2, при што вкупната аграрна површина изнесува 1.063 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 628 хектари пасишта и 88 хектари се под шуми.

Дренак
Се наоѓа на 650 метри надморска висожина и вкупно 26 жители ( 14 мажи и 12 жени )во 13 домаќинства и 37 живеалишта ( станови ). Вкупната површина на селскиот атар е 5,5 км2, од кои аграрната површина изнесува вкупно 529 хектари ( 314 хектари обработливо земјиште, 212 хектари пасишта и 3 хектари шуми ).

Древено
Надморска височина 640 метри и вкупно 213 жители (118 мажи и 95 жени) во 79 домаќинства и 150 живеалишта (станови). Вкупна површина на селскиот атар изнесува 6,7 км2, според структурата вкупна аграрна површина зафаќа 583 хектари, од кои 329 хектари обработливо земјиште, 219 хектари пасишта и 35 хектари шуми.

Гајранци
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, со вкупен број на жители 36 ( 19 мажи и 17 жени ) во 19 домаќинства со вкупно живеалишта (станови ) 56. Вкупната површина изнесува 8,1 км2, со вкупна аграрна површина од 782 хектари, од кои обработливо земјиште 251 хектар и шуми 5 хектари, или во проценти ( 60% пасишта, 38% обработливо земјиште и смо 2% се под шуми и необработливо земјиште).

Горни Стубол
Се наоѓа на надморска височина од 670 метри и вкупно 99 жители (54 мажи и 45 жени) во 44 домаќинства, а има 54 живеалишта (станови). Вкупната површина е 7,9 км2, од кои аграрна површина е 757 хектари (330 хектари обработливо земјиште, 249 хектари со пасишта и 133 хектари со шуми).

Горно Барбарево
Се наоѓа на надморска височина од 650 метри каде живеат вкупно 37 жители (20 мажи и 17 жени) во 21 домаќинство, во селото има 37 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 15,2 км2, од кои 1,378 хектари се аграрни површини (511 хектари обработливо земјиште, 751 хектар пасишта и 116 хектари шуми).

Гризилевци
Се наоѓа на надморска височина од 800 метри со вкупно 22 жители (10 мажи и 12 жени) во 13 домаќинства а има 35 живеалишта 9 станови . Вкупната површина на селскиот атар изнесува 3,4 км2 од кои аграрна површина е 280 хектари (115 хектари обработлива површина, 82 хектари пасишта и 83 хектари шуми).

Гујновци
Надморска височина 335 метри со вкупно 33 жители (18 мажи и 15 жени) 15 домаќинства и 27 живеалишта (станови). Вкупна површина од 5 км2 од кои 459 хектари вкупната аграрна површина (331 хектар обработливо земјиште, 118 хектари пасишта и само 10 хектари се под шуми).

Јамиште
Јамиште е мало планинско село кое според пописот 2002 година има вкупно 10 жители (5 мажи и 5 жени) и 5 домаќинства со вкупно 76 живеалишта (станови). Вкупна површина на селскиот атар изнесува 19,7 км2, а според структурата на вкупната аграрна површина од 1.954 хектари, 132 хектари се обработливо земјиште, 429 хектари се пасишта и 1.393 хектари се под шуми.

Калниште
Се простира на надморска височина од 600 метри и има вкупно 2.102 жители (1.083 мажи и 1.019 жени) во 623 домаќинства и 1.052 живеалишта (станови).

Куково
Се наоѓа на надморска височина од 570 метри и со вкупно 18 жители (8 мажи и 10 жени) а имало 10 домаќинства и 28 живеалишта (станови). Вкупната површина на атарот на село Куково зафаќа 9.4 км2, од кои вкупната аграрна површина е 992 хектари. Според структурата ја сочинуваат 449 хектари обработливо земјиште, 404 хектари пасишта и 24 под шума.

Кундино
Се наоѓа на надморска височина од 710 метри, со пописот од 2002 година во Кундино живеат 81 жител (40 мажи и 41 жена) во 35 домаќинства со вкупно 66 живеалишта (станови). Вкупната површина на атарот е 7.4 км2, а според структурата аграрната површина изнесува 682 хектари од кои 275 хектари обработливо земјиште, 147 хектари пасишта и 260 хектари шуми.

Лесново
Според местоположбата се наоѓа на надморска височина од 900 метри и вкупно 41 жител ( 18 мажи и 23 жени ) и 25 домаќинства со вкупно 78 живеалишта.Поврината на селскиот атар изнесува 14.1 км2 од кои вкупната аграрна површина е 1360 хектари (168 хектари обработливо земјиште, 618 хектари се пасишта и 574 хектари шума).

Лезово
Се наоѓа на надморска височина од 400 метри со вкупно 44 жители (22 мажи и 22 жени), во 22 домакинства и 53 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 7.7 км2 , од кои вкупна аграрна површина 689 хектари и тоа (357 хектари обработливо земјиште, 330 хектари пасишта и само 2 хектари се под шума).

Марчино
Селото Марчино се наоѓа на надморска височина од 700 метри и вкупно 26 жители (12 мажи и 14 жени) со вкупно 15 домаќинства и 37 живеалишта (станови). Селскиот атар опфаќа површина од 5.99 км2, од кои вкупната аграрна површина е 551 хектар, со следната структура: обработливо земјиште 252 хектари, пасишта 141 хектар и под шуми 158 хектари.

Неокази
На надморска височина од 450 метри со вкупно 95 жители (49 мажи и 46 жени) во 36 домаќинства и 60 живеалишта (станови). Од вкупната површина од 5,8 км2, аграрна површина е 546 хектари, од кои 306 хектари се обработливо земјиште, 234 хектари пасишта и само 6 хектари се шуми.

Пестришино
Се наоѓа на надморска висожина од 600 метри со само 10 жители (4 мажи и 6 жени) во 5 домаќинства а има 19 живеалишта (станови). Површината на селскиот атар изнесува 7.7 км2 при што вкупната аграрна површина е 728 хектари, од кои 311 хектари е обработливо земјиште, 409 хектари се под пасишта и 24 хектари шуми.

Петршино
Се наоѓа на надморска висоина од 505 метри и има вкупно 60 жители (32 мажи и 28 жени), во 34 домаќинства а вкупно 101 живеалиште (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 6.4 км2 со следната аграрна структура: вкупните аграрни површини од 614 хектари ги сочинуваат 470 хектари обработливо земјиште, 136 хектари пасишта и само 8 хектари шуми.

Пишица
На надморска височина од 450 метри и вкупно 168 жители (78 мажи и 90 жени) во вкупно 57 домаќинства а во селото има вкупно 88 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 7.3 км2 , со аграрна структура на земјиштето со површина од 629 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 266 хектари се пасишта и само 16 хектари се шуми.

Плешенци
На надморска височина од 590 метри со вкупно 168 жители (92 мажи и 76 жени) 68 домаЌинства и 112 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар на Плешенци изнесува 9,6 км2, од кои 914 хектари се аграрни површини (396 хектари обработливо земјиште, 274 хектари пасишта и 244 хектари шуми).

Пуздерци
Надморската височина изнесува 460 метри со вкупно 34 жители ( 20 мажи и 14 жени ), во селото има 17 домаќинства и 31 живеалиште ( станови ). Селскиот атар изнесува 6,1 км2 , од кои според аграрната структура вкупните земјоделски површини зафаќаат 586 хектари, при што 354 хектари се обработливо земјиште, 225 хектари се пасишта и само 7 хектари шуми.

Ратавица
Се наоѓа на надморска височина од 460 метри, со вкупно 277 жители (134 мажи и 143 жени), а вкупно 80 домаќинства и 133 живеалишта (станови).
Селскиот атар од 3,5 км2 ја има следната структура. Вкупната аграрна површина изнесува 232 хектари, од кои 165 хектари обработливо земјиште, 157 хектари пасишта и само 1 хектар под шуми.

село Пробиштип
Оваа населено место е едно од најстарите во општина Пробиштип и датира од 14 век. Се наоѓа на надморска височина помеѓу 550 и 650 метри и има 669 жители (339 мажи и 330 жени) во вкупно 200 домаќинства а во него се евидентирани вкупно 280 живеалишта (станови). Вкупната обработлива површина на атарот изнесува 631 хектар, од кој околу 2/3 се обработливо земјиште, а површините под пасишта се помали а најмали се површините под шуми.

Шталковица
Се простира на надморска височина од 650 до 1100 метри и вкупно број на 44 жители (26 мажи и 18 жени) во 16 домаќинства, и 41 живеалиште (станови). Од вкупната површина на атарот 24,6 км2 село со најголема површина во општина Пробиштип, аграрна површина вкупно 2338 хектари, од кои 206 се обработливо земјиште, 706 пасишта и 1426 хектари се под шуми.

Стрисовци
Се наоѓа на надморска височина од 500 метри и вкупно 54 жители (31 маж и 23 жени) 30 домаќинства и 64 живеалишта (станови). Од селскиот атар со површина од 16,4 км2 , вкупна аграрна површина е 1549 хектари, од кои 746 хектари обработливо земјиште, 731 хектари пасишта и 72 хектари шуми.

Стрмош
На надморска височина од 475 метри со вкупен број на жители 294 (143 мажи и 151 жени). Од вкупната површина на селскиот атар од 5,6 км2, 527 хектари се аграрна површина, која ја сочинуваат 387 хектари обработливо земјиште, 132 хектари пасишта и 8 хектари шуми.

Трипатанци
Се наоѓа на надморска височина од 390 метри со вкупен број на жители од 126 (65 мажи и 61 жена). Површината на селскиот атар изнесува 4,9 км2 од кои вкупна аграрна површина 437 хектари (251 хектар обработливо, 180 хектари пасишта и само 6 хектара шуми).

Трооло
Надморска височина од 470 метри и број на жители од 45 (26 мажи и 19 жени) во 21 домаЌинство, а во селото се евидентирани 29 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 13,9 км2, од кои аграрни површини 1368 хектари (465 хектари обработливо земјиште, 889 хектари пасишта и 14 хектари шуми).

Турско рудари
Селото се наоѓа на надморска височина од 570 метри, а вкупна површина на селскиот атар изнесува 10,4 км2, од кои аграрна површина е 882 хектари со следната структура: обработливо земјиште 263 хектари, пасишта 388 хектари и шуми 231 хектар.

Зарапинци
Се наоѓа на надморска височина од 425 метри, каде живеат само 12 жители (6 мажи и 6 жени) во 7 домаќинства и 12 живеалишта (станови). Површина на селскиот атар е 4,3 км2, аграрна површина опфаќа 423 хектари, од кои 204 хектари обработливо земјиште, 213 хектари пасишта и само 6 хектари шуми.

Зелениград
Најпланинското село и се наоѓа на просечна надморска височина од 1150 метри, каде живеат само 7 жители (3 мажи и 4 жени) со 5 домаќинства, а има 30 живеалишта (станови). Селскиот атар зафаќа вкупна површина од 14,4 км2. Вкупната аграрна површина изнесува 1.424 хектари, со следната аграрна структура: 126 хектари обработливо земјиште, 489 хектари пасишта и 809 хектари се под шуми.

Злетово
Најстариот официјален податок кој го покажува илјадагодишното постоење на Злетово, како место и центар во Злетовската област е повелбата од 1019 година. Според пописот 2002 година во населеното место Злетово живеат вкупно 2.477 жители (1.262 мажи и 1.215 жени) кои живеат во 733 домаќинства. Вкупната површина на атарот на Злетово изнесува 10,4 км2, од кои аграрна површина се 915 хектари ( 331 хектар обработливо земјиште, 491 хектар пасишта и 143 хектари шуми ).


Национална припадност

Published Date : август 18, 2016

Населено место Вкупно

жители

Мак. Тур. Роми Власи Срби Бош. Алб. Остан.
Бучиште 68 65     3        
Гајранци 36 36              
Г.Стубол 99 99              
Г.Барбарево 37 37              
Гризилевци 22 22              
Гујновци 33 33              
Добрево 340 336 2           2
Д.Стубол 168 167             1
Д.Барбарево 11 11              
Дренак 26 26              
Зарапинци 12 12              
Г.Пробиштип 16192 15977 6 51 37 89 1   47
Калниште 2102 2079   1   20     2
Куково 18 18              
Кундино 81 79       2      
Лезово 44 44              
Марчино 26 26              
Неокази 95 95              
Пестршино 10 10              
Петршино 60 60              
Пишица 168 159     9        
Плешенци 168 168              
Пуздерци 34 32 1            
Стрисовци 54 54              
Стрмош 294 294              
Трооло 45 45              
Злетово 2477 2471     1 2     3
Јамиште 10 10              
Лесново 41 41              
Ратавица 277 267     9   1    
Трипатанци 126 125       1      
Т.Рудари 185 185              
Шталковица 44 44              


Полова структура

Published Date : август 18, 2016

Населено место Вкупно жители Мажи Жени
Бучиште 68 35 33
Гајранци 36 19 17
Горни Стубол 99 54 45
Горно Барбарево 37 20 17
Гризилевци 22 10 12
Гујновци 33 18 15
Добрево 340 173 167
Долни Стубол 168 84 84
Долно Барбарево 11 6 5
Дренак 26 14 12
Зарапинци 12 6 6
Град Пробиштип 8045 4073 3972
Пр.нас.Калниште 2102 183 1019
Куково 18 8 10
Кундино 81 40 41
Лезово 44 24 20
Марчино 26 12 14
Неокази 95 49 46
Пестришино 10 4 6
Петршино 60 32 28
Пишица 168 78 90
Плешенци 168 92 76
Пуздерци 34 20 14
Стрисовци 54 31 23
Стрмош 294 143 151
Трооло 45 26 19
Злетово 2477 1262 1215
Јамиште 10 5 5
Лесново 41 18 23
Ратавица 277 134 143
Трипатанци 126 65 61
Турско Рудари 185 97 88


Старосна структура

Published Date : август 18, 2016

Населено место Вкупно жители 0-9 год. 10-19 год. 20-29 год. 30-59 год. Над 60 год.
Бучиште 68 5 4 7 26 36
Гајранци 36 0 1 0 3 32
Г.Стубол 99 7 7 8 29 48
Г.Барбарево 37 0 0 1 7 29
Гризилевци 22 0 0 0 7 15
Гујновци 33 0 6 0 9 18
Добрево 340 33 39 42 145 81
Д.Стубол 168 15 9 16 72 56
Д.Барбарево 11 0 0 1 2 8
Дренак 26 0 2 0 6 18
Зарапинци 12 0 0 0 3 9
Г.Пробиштип 8045 778 1293 1322 3756 896
Пр.нКалниште 2102 258 438 251 987 168
Куково 18 2 0 1 2 13
Кундино 81 4 5 3 26 43
Лезово 44 1 1 2 8 32
Марчино 26 1 1 1 8 15
Неокази 95 5 9 17 32 32
Пестршино 10 0 0 0 4 6
Петршино 60 2 0 2 12 44
Пишица 168 8 31 20 63 46
Плешенци 168 9 12 19 63 70
Пуздерци 34 0 0 4 11 19
Стрисовци 54 0 0 0 8 46
Стрмош 294 32 43 39 128 42
Трооло 45 0 0 1 11 33
Злетово 2477 290 352 360 1089 385
Јамиште 10 0 0 0 5 5
Лесново 41 0 2 3 10 26
Ратавица 277 32 40 39 114 52
Трипатанци 126 2 18 5 43 58
Т.Рудари 185 26 21 31 74 33


Документи

Published Date : мај 14, 2015

[vc_row][vc_column]

[/vc_column][/vc_row]


Инфраструктура

Published Date : август 18, 2016

[vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Патна мрежа

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Телекомуникации

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Електрична мрежа

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_column_text]


Водовод и канализација

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Водовод и канализација

Published Date : август 16, 2016

Водовод

Во делот на водоснабдување на граѓаните на општина Пробиштип со вода за пиење задолжено е ЈКП “Комуналец” кое е основано од страна на Советот на општина Пробиштип во 2002 година, преку трансформација на поранешното ЈКП “Илинден”.
Градот Пробиштип, со приградските населби и неколку села од општината, се снабдуваат со вода за пиење од Злетовска река.
– Куќни приклучоци – 3.306 бр.
– Резервоарски простор – 2.100 м3
– Пумпни станици – 1 бр.
– Зони за водоснабдување – 3

Канализација

Над 90% од градското урбано подрачје е покриено со канализациона мрежа. Има 6 примарни канализациони мрежи.
Целокупната изградена канализациона мрежа е околу 26.097 метри.
Употребени профили; Ф 150-1000;
Број на изливни места: 4;
Краен реципитиен: река Киселица и река Калнишка (се влеваат во 80% во река Злетовица)


Електрична мрежа

Published Date : август 16, 2016

Пробиштип

Напојувањето на градот и општината, односно населението и индустријата со квалитетна електрична енергија се обезбедува преку  електродистрибуција подружница на ЕВН-Македонија, која има два енергетски трансформатори со снага од 20 MVA, од кои едниот е во погон, а другиот е резерва. Во летниот период градот и населените места користат снага од 9-10 MW,  , а во зимскиот период 13-14 MW,  што е помалку од половината од инсталираниот капацитет на трафостаницата.

За задоволување на поединечните потреби по дејности и начини на користење на земјиштето (лесна индустрија, мало стопанство, опшествен стандард, јавни функции и друго) потребни се нови трафостаници, кои би се напојувале од главната напојна точка 110/35/10 KV, трафостаница на дистрибуција и од постоечките 10 трафостаници.

Улично осветлување

Се врши на магистралните улици ( патот Штип-Кратово) со 5лх, собирните улици со 5лх и артеријалните улици со 3лх.

Злетово

Со електрична енергија се снабдува од 110/35/10КВ трафостаница од Пробиштип со 10КВ воздушен далекувод. Во населбата има 5 трафостаници. Покриеноста со електрична енергија задоволува. Уличното осветлување е недоволно.


Патна мрежа

Published Date : август 16, 2016

[vc_row][vc_column][vc_column_text css_animation=”appear”]

probistip-lokacija-patista-koregirana

Сообраќајната инфаструктура во општина Пробиштип е на задоволувачко ниво, но тоа незначи дека нетреба пераманентно да се надоградува и модернизира. Административниот центар-Градот Пробиштип е е поврзан со сите 37 населени места во општината со локални патишта од кои 90% се асфалтирани, а 10% од локалните патишта се или земјени или тампонирани.

Регионални патни правци кои минуваат низ општината се Р-206 кој прави спојување со М-2 кон Куманово и Крива паланка на север и М-5 на југоисток кон Штип, а преку регионалниот пат Р-211 се поврзува Пробиштип со Злетово и Лесново, а со посебен крак со брана Кнежево. Комуникацијата со општина Кочани и СРЦ Поникава се остварува со регионалниот пат Р-219, а Р-210 е регионален пат кој обезбедува комуникација со Свети Николе.

Поради добро испланираната градска сообраќајна мрежа, Пробиштип се каракетризира со широки улици во централното гратско подрачје без тесни грла во мрежата и со уредени паркинзи.

Генерално патната  мрежа е во добра состојба и од страна на општината се врши  тековно и зимско одржување во согалсност со годишните програми за работа на општината.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space height=”20px”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Сообраќај

Меѓуградскиот сообраќај се одвива со помош  на такси превоз и три компании од општината кои имат квалитетен возен парк на автобуси и автобуски превоз од соседните општини кој се одвива преку автобуската станица  на Р-206  со површина на локацијата од 0,37 ха, со изграден објект од 870м2, со капацитет од 7 перони.

Автобуската станица е во приватна сопственост, а режимот на возење на автобуси е следен:

– 7 автобуси тргнуваат од или минуваат низ Пробиштип секој ден,

– 1 линија се одржува 2 пати неделно (Кр.Паланка-Пробиштип-Струмица),

Такси превоз: евидентирани се 30 возила со лиценци за такси превоз, но бројот на такси возилата е поголем. Исто така, евидентирани се 10 такси станици, од кои 8 во Пробиштип и 2 во Злетово. Секоја од овие такси станици има означен капацитет на коли и места за паркирање, но не сите се обележани со соодветна хоризонтална и верикална сигнализација.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space height=”20px”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Паркинг

Паркирањето во Пробиштип е решено во рамките на самите сообраќајници со изградени 20 паркинзи плус 4140 м2 површина за паркирање во централно градско подрачје на Ленинов плоштад и сообраќајниците околу плоштадот и градскиот парк.

Во најголемото населено место Злетово има автобуска станица со површина од 150 м2, а должината на асфалтирани улици се околу 4680 м, а под земјен пат  2250 м.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Телекомуникации

Published Date : август 16, 2016

До 1996 година за подрачјето на Пробиштип и Злетово постоеше стара телефонска централа со само 1800 телефонски броеви, односно само 58% од домаќинствата имале телефонски апарати. Во 1996 година пуштена е нова автоматска централа со 3564 броја, која има капацитет во потполност да ги покрие потребите на населението.

Во населбата Злетово има телефонска централа со околу 900 броја, а доводот во истата е кабелски, од централата во Пробиштип.
Во моментот на просторот функционираат повеќе оператори кои нудат квалитетни услуги телефонија, интернет, телевизија и др. Може слободно да се каже дека телекомуникациската инфраструктура е на задоволувачко високо ниво кое секојдневно се надоградува и модернизира.


Клима

Published Date : август 18, 2016

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во поглед на климата областа се наоѓа во Јужниот дел на Северниот умерен појас, меѓу подрачја во кои се осеќаат влијанија на медитеранска клима (Кочанска котлина и Овче поле) и Осоговскиот масив каде владее изразито планинска клима. Ваквата географска положба условила нејзината клима да се карактеризира со елементи на умерено континентална, изменето-средоземна и планинска клима.
Со оглед на релјефот во оваа област можат да се издвојат два климатски реони:
– реон на умерена клима, со елементи на изменето средоземна клима и
– реон на планинска клима.
Првиот реон го опфаќа подрачјето на Злетовската област јужно од Злетово, односно Злетовското поле. Со долината на Злетовска река ова поле е отворено на медитеранските влијанија.
Вториот климатски регион го опфаќа подрачјето што се шири на север од Злетово се до највисоките врвови на областа. Како планинско подрачје се одликува со свежо лето, ладна пролет и есен, а студена и снежна зима
Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 13 степени Целзиусови, додека средната температура во зимските месеци се движи од 1 до 30Ц, а во летните месеци од 21 до 25 0Ц.
Количеството на годишните врнежи изнесува околу 600-650 мм.
Како што може да се заклучи од претходните излагања, основни карактеристики на климата во овој реон ,односно во Злетовското поле се како следува : зимата не е многу ладна, а и не трае долго; ретко паѓа снег , а и кога ќе падне брзо се истопува заради што во овој годишен период има зелена трева.
Пролетта е умерено топла и помалку дождовна од зимата.
Летото е многу топло и суво а поради планинската клима квечерината и утрата се свежи.
Есента е долга, умерено топла и прилично дождовна. Вегетациониот период е доста долг и трае речиси 10 месеци, со вакви климатски особености претставува подрачје погодно за одгледување на земјоделски култури не само од умерената, туку и од субтропската климатска зона.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Контакт

Published Date : август 16, 2016

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Контактирајте нè

Општина Пробиштип
ул. Јаким Стојковски бр.1
2 210 Пробиштип

Тел: 032 483 131
Fax: 032 483 047
Email: info@probistip.gov.mk
Facebook: facebook.com/probistip[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column]

Вашето име (задолжително)

Вашиот Email (задолжително)

Предмет

Вашата порака

* Внесете ги карактерите прикажани на сликата!
captcha

[/vc_column][/vc_row]


Култура

Published Date : август 18, 2016

Од институции кои се занимаваат од оваа област се:
– Домот на култура “Злетовски рудар” и
– Локална Самоуправа – Пробиштип;

1. Домот на култура е комбинирана културно – образована институција, која реализира програмски содржини:
– Библиотечно издавачка дејност;
– Ликовно – галериска дејност;
– Музичка и сценско – уметничка дејност;
– Театарска дејност;
– Кино прикажувачка дејност и
– Едукативно – образована дејност, преку повеќе курсни форми.
Од конкретни активности во оваа дејност, ја издвојуваме Ликовната колонија (1992 год.) која се одржуваше во просторот на Лесновскиот манастир кој претставува непресушна тема за творечки израз, сликарство, вајарство, копаничарство и бројни изложби, меѓутоа за жал последните години се одржува во Пробиштип.

2. Општина Пробиштип е единица на локалната самоуправа како заедница
на жителите на одредено подрачје утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон.
Општините се надлежни за вршење на следните работи:
– Урбанистичко планирање;
– Заштита на животната средина и природата;
– Локален економски развој;
– Комунални дејности;
– Култура;
– Спорт и рекреација;
– Социјална заштита и заштита на децата;
– Образование;
– Здравствена заштита;
– Спроведување на подготовки и превземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра;
– Противпожарна дејност;
– Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност;
– Други работи определени со закон;

Од конкретни активности во оваа дејност да напоменеме дека локалната самоуправа досега во рамките на своите надлежности беше главен покровител на одредени културни манифестации кои се одржуваат во општина Пробиштип, а кои се однесуваат на заштита на природното и културно наследство, како што е Лесновската ликовна колонија и земање во своја надлежност на минералошката збирка ( збирка на миерали, карпи и археолошки остатоци од рударењето во овој регион).


Архитектура

Published Date : август 18, 2016

Старата архитектура
Дел од материјалната култура на шоплукот има свои специфични обележја. Пробиштип се наоѓа близу до јадрото на шоплукот.
Селата биле од разбиен тип, групирани во маала со тесни неасфалтирани улици и маалски селски чешми.
Злетово како населба од полуградски тип во своите прегратки сочувала и дел од традиционалната архитектура. Поголем дел од неговите куќи се распоредени од двете страни на 5 – 6 метри широката улица, која се протега паралелно со Злетовска река. Кон куќите сместени зад оваа улица водат кратки, тесни и криви сокаци. Претежно скоро во сите села преовладуваат куќи на кат, изградени од балван или камен. Основата е правоаголна, главно квадратна. Првиот кат воглавном е од камен, каде се наоѓаат зимникот и арот, а на катот се наоѓаат две – три соби, кујни и чардак – најчесто отворен. Кровната конструкција, а посебно старата ја сочинувале тешки камени плочи, а денес се заменети со ќерамиди.

Стара трошна куќа – Злетово
Сопственост на Кире Алексов (Потекнува од Турско време. До 1985 год. во неа живеело семејството чија сопственост е. Инаку после турците, куќата била општина, а во времето на колективот била амбар за жито. Куќата е заштитена со Закон, меѓутоа за жал таа куќа пропаѓа, бидејќи ништо не е превземено околу нејзино санирање.


Библиотека

Published Date : август 18, 2016

Библиотеката како форма и можност за непосредно културно – просветно издигнување на населението во Пробиштип била присутна уште на почетокот на неговото создавање, во годините по Втората светска војна, кога се раѓаше и создаваше новиот Пробиштип.

Првото поорганизирано поставување на Библиотеката било во текот на 1949 година, а библиотеката сместена во зградата “Вила”, се до есента 1951 година, кога се преселува во новиот објект на Домот на култутрата (кино “Рудар”). Во овој објект, но во две различни простории, Библиотеката работи активно и успешно, со постојано зголемување на книжниот фонд и бројот на читатели, се до 1975 година, кога со организациска трансформација во составот на Домот на културата “Злетовски рудар”, се преселува во новата зграда на Домот на културата, каде што работи и сега со следниот библиотечен фонд.


Дом на култура

Published Date : август 18, 2016

[vc_row][vc_column width=”1/4″][/vc_column][vc_column width=”3/4″][vc_column_text]Домот на култура е комбинирана културно – образована институција, која реализира програмски содржини:
– Библиотечно издавачка дејност;
– Ликовно – галериска дејност;
– Музичка и сценско – уметничка дејност;
– Театарска дејност;
– Кино прикажувачка дејност и
– Едукативно – образована дејност, преку повеЌе курсни форми.
Од конкретни активности во оваа дејност, ја издвојуваме Ликовната колонија (1992 год.)која се одржуваше во просторот на Лесновскиот манастир кој претставува непресушна тема за творечки израз, сликарство, вајарство, копаничарство и бројни изложби, меѓутоа за жал последните години се одржува во Пробиштип.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]