⚠ Оваа страница е во изработка — содржината и функционалностите постепено се дополнуваат
Тел: 032 483 131 Email: info@probistip.gov.mk
mk en

Новости и известувања

Соопштение за јавноста

Пријавување на штети од природни непогоди и други несреќи

Објавено: 6 јули 2026

Општина Пробиштип ги повикува граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожар, што зафати дел од територијата на општината на 03.07.2026 година, материјалните штети на нивните имоти и земјоделски насади, да ги пријават во просториите на општина Пробиштип.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, заклучно со 15.07.2026 година (петок), во општина Пробиштип, во канцеларијата на Општински центар за услуги.

Пријавувањето на настанатите штети ќе го реализирате со пополнување на Пријава за излез на лице место и на Изјава дека имотот не е осигуран преку осигурителните компании (пријавата и изјавата ќе ги подигнете во канцеларијата).

Покрај пополнетите Пријава и Изјава, треба да се достави:

  1. Фотокопија од лична карта за користење на потребните лични податоци
  2. Фотокопија од трансакциска сметка на подносителот
  3. Доказ за основ на користење на земјиштето или недвижен имот (фотокопија од имотен лист, фотокопија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства од МЗШВ или фотокопија од договор за закуп)
  4. Доказ за производство на саден сертифициран материјал (доколку се произведува)

Поднесените пријави со пропратните потребни документи ќе бидат обработени од страна на Комисијата за процена на штети предизвикани од природни непогоди и други несреќи на територијата на општина Пробиштип, ќе се направи теренска процена на лице место и ќе биде изработен првичен извештај, кој ќе биде разгледан и усвоен од Совет на општина Пробиштип и ќе биде проследен до Влада на РСМ.

Напомена: Ненавремено доставените и некомплетните документи нема да бидат разгледани.

⬇ Преземи ги Пријавата и Изјавата (.odt)