Денес (22.11.2017), Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, одржа работен состанок со Изведувачот на градежните активности на Дом за култура, градежната компанија Промонтинг.

Целта на работниот состанок беше од информативен карактер,  запознавање на Градоначалникот со моменталната состојба на терен, текот на имплементацијата на проектот. Од страна на изведувачот беше презентирана информацијата дека 77% од предвидените градежни активности се завршени, при што добивме уверување дека целиот проект ќе биде завршен навреме.

На средбата беа нотирани сите забелешки, сугестии и препораки, кои беа прифатени од сите вклучени страни со цел успешна реализација на активностите. Проектот за реконструкција на Дом на култура, е проект добиен преку програмата за прекугранична соработка со Бугарија, со партнерство со општината Рила. Вкупната вредност на проектот изнесува 9.679.820 денари и се однесува на комплетна промена на прозорците на објектот, поставување на изолациона фасада, реконструкција на кровната конструкција.